Примена на науката за јазикот во методиката на наставата по јазик Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13108 Категорија

Примена на науката за јазикот во методиката на наставата по јазик

800 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Педагогија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга воспоставува мост меѓу сегашните истражувања во областа на лингвистиката и психолингвистиката и методиката на наставата по јазик во училница. Повторно предизвикува дебати за приодите што се применуваат во подучувањето, свртувајќи го вниманието на читателот кон откритијата во однос на структурата на граматиката, универзалиите на јазикот, мисловните процеси при разбирањето, продуцирањето и зачувувањето на јазикот, како и фактите за изучувањето.

Популаризацијата на изучување на втор јазик (Л2) ја донесе потребата да се најдат ефикасни наставни методи. Дебатите се насочени главно кон наводните предности на комуникативните наспроти традиционалните методи. Како и да е, повеќето пристапи имаат свои корени во лингвистичките и во психолошките теории што беа испитувани од страна на истражувачите од областа на јазикот. Некои наставници по јазик, веројатно, не се свесни за овие предности и до одредена мера продолжуваат да се придржуваат до наставните приоди што главно се базираат врз интуицијата. Како резултат на тоа, материјалите за оценување често можат да бидат изведувани во понеформални околности.

Книгата содржи поглавја за значајни прашања од водечки истражувачи, класифицирани во три главни области. Во секој од овие делови, уредниците додаваат по едно поглавје во однос на импликациите за изучување на втор јазик.

Ова издание, исто така, може да помогне во приближувањето на научниците од областите на теоретското и на експерименталното истражување на јазикот, како и на оние што се одговорни за иновации во наставата по странски јазици. Книгата е создадена така што наставниците кои го предаваат вториот странски јазик (Л2) ќе можат да ги прифатат и да ги приспособат знаењата добиени од книгата и да ги преточат во практична примена во нивната наставна средина и кај студентите.

Монсерат Санз е доктор на науки од областа на лингвистиката и на когнитивните науки. Таа е професор на Катедрата за шпански јазик при Универзитетот за странски студии во Кобе, Јапонија. Нејзиното истражување за теоретската лингвистика се фокусира на синтаксичко- семантичкото поле во рамките на минималистичката програма. Таа е автор и на книгата Events and Predication: A New Approach to Syntactic Processing in English and Spanish, а исто така има издадено и неколку статии од областа на лингвистиката и психолингвистиката во неколку списанија. Од 2000 година, таа е на чело на еден истражувачки тим што го испитува усвојувањето на шпанскиот јазик од страна на родените говорители на јапонски јазик.

Хозе Мануел Игоа е доктор на науки од областа на психологијата. Тој предава психолингвистика, како и когнитивна психологија и билингвалност и усвојување на втор странски јазик на студенти и постдипломци на Автономниот универзитет од Мадрид. Тој е коавтор на шпанскиот прирачник за психологијата на јазикот и има издадено поглавја од изданија и статии во списанија од областа за разбирање зборови и реченици и нивно продуцирање, фигуративно разбирање на јазикот и билингвално јазично процесирање. Неговото истражувачко дејствување и неговиот интерес покриваат разни теми од областа на когнитивната психологија и психолингвистиката.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.