Потеклото на средновековната архитектура Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 230 Категорија

Потеклото на средновековната архитектура

1,750 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга првенствено е посветена на важните иновации во архитектурата што се случиле во Западна Европа меѓу смртта на императорот Јустиниан (565 год) и 10 век. Во овој период, раната христијанска базилика била трансформирана, како по форма така и по функција.
Чарлс Б. Меклендон
(професор и раководител на одделот за ликовна уметност при Универзитетот „Брендис“ („
Brandeis“), САД) се повикува на многуте документирани докази и археолошки податоци за да покаже дека градбите од овој период се поставени како суштински преседани за иднината на средновековната архитектура. Тој ги проучува градбите од таканаречената мрачна доба и од Карловата ера. Според авторот, грандиозните романски и готски цркви се должат на достигнувањата во архитектурата од раните години на средновековието, и тоа многу повеќе одошто се мислело досега .
Засега, доказите нé упатуваат на тоа дека станбената архитектура во основа била конзервативна. Сите ресурси и креативна енергија биле насочени кон глорификација на црквата, што не претставува големо изненадување. Сепак, станбената и црковната архитектура не се исклучуваат меѓусебно.
Авторот на текстот нема за цел да го даде последниот збор, ниту, пак, да направи комплетен приод кон темата, туку со прифаќањето на неговите заклучоци сака да го поттикне интересот за понатамошни истражувања. Поради тоа, книгата служи како вовед за сите оние што имаат намера да ја проучуваат средновековната архитектура и како водич кон специјализирана литература
за луѓето што не запираат со своето истражување.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.