Педро парамо Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Педро парамо

150 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во предговорот кон американското издание, Сузан Зонтаг го смета „Педро Парамо“ за „едно од ремек-делата на XX век“. Рецензиите се согласни дека не се работи за хипербола: густ преплет на недостатно комплементарни темпоралности, надреалистична визија на едно секојдневие составено од некомпатибилни реалитети што им овозможува соживот на живите и мртвите, краткиот роман на Хуан Рулфо „парадира низ неистражена територија со сигурен и одлучен чекор“.
„Педро Парамо“ е толку меморабилна книга што Габриел Гарсија Маркес тврди дека ја знае напамет од почеток до крај: и покрај отсуството на линеарна фабула, нејзината готска ониричност ја прави исклучително пристапна и привлечна. Веќе премисата е заводлива: откако ѝ ветува на нејзината смртна постела, Хуан Пресијадо се враќа во родното место на својата мајка во потрага по насловниот лик, неговиот никогаш невиден татко. Но, наместо живото село од нејзините сеќавања, Хуан посетува една празна и ненаселена Комала. „А Педро Парамо?“, го прашува Хуан својот водич и, како што дознава набрзо, полубрат. „Жив ѓавол“, одговара сопатникот. „Педро Парамо умре пред неколку години.“ 
„Педро Парамо“ е единствениот роман на Хуан Рулфо покрај чие име е заведена само уште една кратка збирка раскази: веројатно најмалиот опус на еден голем прозаист во светската книжевна историја. „И сите се прашуваат“, пишува Зонтаг, „зошто Рулфо престанал да пишува, небаре смислата на писателовиот живот е да продолжи да пишува и издава. Всушност, смислата на животот на еден писател е да напише една голема книга – т.е. книга што ќе трае – и токму ова го има направено Рулфо“ со брилијантниот „Педро Парамо“.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.