Органска машина Земјоделство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10207 Категорија

Органска машина

417 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Земјоделство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Еден од најголемите недостатоци на современата наука за животната средина е неуспехот да се разбере на кој начин ја спознавал човекот природата низ историјата – преку работата и како таа работа нè вметнува во природата. Во овој научен труд е истражена врската меѓу природната историја на реката Колумбија и историјата на човекот во регионот на тихоокеанскиот северозападен дел. Фокусот е врз нештата што ги спојуваат луѓето и реката: не само физичкиот простор на регионот туку, пред сè, енергијата и работата. Во овој регион реката е една од најважните работи за луѓето. Поради тоа, оваа река се смета и за своевидна органска машина во која се испреплетени конфликтите на човекот и на природата. Од друга страна се наоѓа стремежот за надминување на тие конфликти и неопходноста за нивно соединување.
Ричард Вајт
е професор по историја на Универзитетот „Вашингтон“ во Сиетл и добитник на наградите „Алберт Џ.Бевериџ“ и „Западно наследство“.
Авторот создал книга со која настојува да ги отстрани границите и да најде начин за што подобро справување со нашите дилеми. Можеби ќе почнеме да го бараме природното во браните и неприродното во лососите. На крај заклучуваме дека разликите меѓу човечкото и природното постојат само за да преминат преку реката.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.