Менаџмент информациски системи Информатика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 215 Категорија

Менаџмент информациски системи

2,450 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Информатика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Книга е, пред сé, наменета за студентите по бизнис менаџмент, но истовремено и за сите што имаат намера да бидат успешни менаџери или, пак, да ги утврдат своите менаџерски способности. Читајќи го текстот, се подготвувате да влезете во реалниот свет на глобалното деловно работење и информациска технологија, дознавате на кој начин ја користат менаџерите ИТ за да станат поефикасни и поконкурентни и се насочувате како да ги донесете клучните одлуки поврзани со ИТ при своето секојдневно менаџерско работење.
Сето тоа е подготвено од реномираните автори Кенет К. Лаудон и Џејн П. Лаудон. Кенет е професор по информациски системи на „Стерн“ при Факултетот за бизнис од Универзитетот „Њујорк“. Автор е на многуброни статии и на десетина книги од областа на електронската трговија, информациските системи, работењето на организациите и на општеството воопшто. Џејн е консултант за менаџмент на информациски системи, со посебен интерес од областа на системски анализи, управување со податоци, ревизија на системите, проценка на софтверот и едукација на деловните луѓе за користење на информациските системи и нивно дизајнирање.
Книгата ја конципирале во четири дела:

          Организации, менаџмент и мрежноповрзани компании.

          Инфраструктура на информациската технологија.

          Клучни системски апликации за дигиталната ера.

          Креирање системи и управување со истите.

Информациските системи се меѓу најважните алатки што им се достапни на менаџерите за постигнување оперативна решителност, развивање нови производи и услуги, подобрување при донесувањето на одлуките и постигнување конкурентска предност. Сé што треба да направите не е многу тешко т.е. на вас останува полесниот дел од работата: да ја прочитате книгата!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.