Опис
Објавувањето на обичајот „Мартинки“ како дел од светското нематеријално културно наследство и неговото впишување во Репрезентативната листа на УНЕСКО е повод издавањето на книгата за деца „Мартинки – конци, плетки и црвено-бели сплетки“.
Подготвено во пресрет на месецот март, изданието „Мартинки –  конци, плетки и црвено-бели сплетки“ го актуелизира и популаризира овој стар  обичај. Најмладите читатели ќе ја откријат приказната за мартинките, нивното  потекло, значење и употреба, а ќе научат и како сами да направат мартинка. Со  интересни информации, како и со практични совети и лесни упатства, оваа книга  ќе го разбуди интересот за овој обичај во јавноста.










