Опис
Хауард Дејвис, професорот по архитектура на Универзитетот во Орегон, САД, го  опишува светот на градбите како производ од културите на градење – комплексен  систем од луѓе, релации, видови градби, техники и од навики во кои се закотвени  архитектурата и градежништвото. Овие култури во себе ги содржат градежниците,  банкарите, архитектите, луѓето со напредни идеи, клиентите, изведувачите,  занаетчиите, градежните инспектори, создавачите на урбанистичките планови и  многу други. Како производот од овие култури се појавува светот на градби, кој  постојано го гледаме насекаде околу нас.
Со цел да се опишат природата и влијанијата на овие култури, во оваа книга се  дадени повеќе историски и современи примери, како и примери за градби создадени  под истовремено влијание на повеќе култури. Објаснето е како културата на  градење е одраз на општата културата на тоа поднебје, како се менувала низ  историјата таа култура, како влијаела на градежните форми и на формите на  самите градови и на кој начин може да се направат подобрувања во современата  култура на градење. Опфатени се различни културни и историски периоди, но со  посебен акцент на трансформациите што се случиле во архитектурата и во градежната  практика од крајот на 18 век, па сé до денешен ден.
Како заклучок е користена серија од современи примери кои го демонстрираат  современиот концепт на културата на градење. Овие примери вклучуваат градежни  техники, како и иновативни процеси кои ја надминуваат работата на самите  архитекти, и како такви може да се сметаат за семе од кое треба да никне свет  од подобри градби. Оваа прекрасна книга се карактеризира со повеќе од 260  колорни и црно-бели илустрации од кои повеќето се дел од Дејвисовата  колекцијата на слајдови со фотографии, документи и цртежи од историските архиви  и од современите архитектонски бироа.
Поради својата содржина, оваа книга мора да биде основа за секој студент по  архитектура и дипломиран архитект, како и за секое лице што е вклучено на кој  било начин во создавањето на градбите, сега и во иднина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на  книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.






















