Граничен трошок на јавните фондови: теорија и примени Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10608 Категорија

Граничен трошок на јавните фондови: теорија и примени

1,450 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Преку овој параметар се мери загубата која се појавува во општеството со користење на дополнителните приходи за финансирање на владините трошоци. Тој е еден од најважните концепти во јавната економија и клучна компонента за проценка на даночните реформи, програмите за јавно трошење и за останатите јавни политики. Во книгата се дадени повеќе примери тргнувајќи од акцизните такси во Тајланд, па сè до јавните заеми во Канада и во САД. Авторот успева да покаже како може да се загуби ефикасноста ако се направи изобличување на даночната политика.
Бев Далби
е професор по економија на Универзитетот во Алберта, Канада. Работи како консултант за организации од составот на ММФ, Светска банка и Министерствово за финансии при канадската влада.
Бев го објаснува концептот што се применува врз главните извори на приходи за владите – данокот на додадена вредност, акцизите, персоналниот данок, јавните заеми и меѓувладините грантови. Оваа книга е особено важна за сите економисти и аналитичари на јавната политика во составот на владите и надвор од него. На крајот од секое поглавје се дадени вежби и препорачана литература како дополнителен текст за напредни дипломски или постдипломски студии по јавна економија.
Оваа извонредна книга претставува централно место за разбирање на проблемите поврзани со даноците и со дефицитарните политики, како и за анализа на сегментот приходи – трошоци. Воедно е и клучна точка за проценка на јавните проекти и за создавање јасен преглед на јавните финансии.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.