Есеи (избор) Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Есеи (избор)

170 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Постојат неколку автори чиишто силуети ги наткрилуваат книжевните епохи: не постои писател што почнал да пишува во последниов полумилениум што не го почувствувал товарот наречен Хомер, Данте, Шекспир или Сервантес. Дојден предоцна, секој млад романсиер од последниот век – како што пишува Едмунд Вајт – е осуден да го проучува ненадминливиот Марсел Пруст и да се изложи на една од врвните опасности: или да потпадне под влијанието на неговиот неповторлив идиосинкретичен и заразен стил или целосно да се откаже од пишувањето.
Мајстор на феноменот на стереоскопската визија, творец можеби на најшироката палета живи книжевни ликови, единствениот андрогин ум покрај Шекспир, зад Марсел Пруст останува „Во потрага по загубеното време“ како вечен монумент на тврдоглавата истрајност, на стилската перфекција, на мистичната моќ на уметноста, на таинствениот судир меѓу сеќавањата и времето, на можноста за осмислување на еден отсутен живот. Но пред романсиерот Пруст – како што е, најпосле, случај со секој голем автор, макар и само in absentia – стои есеистот Пруст, претходникот, прототипот, сè уште неактивираната поетика.
Оваа книга, на еден начин, е архивар токму на битката за „Потрагата“: поделена на два дела, таа содржи четири есеи на Пруст и четири есеи-реплики на неговите ставови (два од Албер Тибоде и по еден од Даниел Халеви и Анатол Франс). И додека во првиот дел читателот може да го следи растот на авторот на „Потрагата“, во вториот може да ја исчита неговата полемика со современиците за фигури како Бодлер, Стендал, Флобер и Сент-Бев. И токму во оваа полемика читателот може да посведочи едно двојно раѓање: не само експлицитното – она на дефинираниот поетичар Пруст туку и, имплицитното, она на поетот, зашто некаде зад кривулестата синтакса и брилијантните споредби од неговите есеи, се наѕира и врвниот автор на XX век.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.