Дизајн и производство на текстилни композити Текстил Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10538 Категорија

Дизајн и производство на текстилни композити

1,615 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Текстил

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Поимот „текстилни композити“ често се користи за опишување на релативно малиот спектар од материјали што се базирани на тродимензионални зацврснувања, добиени со помош на специјална опрема. Сепак, во оваа книга тој поим се користи за еден поширок спектар од полимерни композитни материјали, со тродимензионлани текстилни зацврснувања.
Главниот дел од книгата е мошне практичен и наменет за сите што сакаат да развиваат нови производи со текстилни композити. Поглавјата за моделирање во себе содржат модели и податоци за материјалите што ќе им бидат од корист како на истражувачите така и на производителите. Во поглавјата резервирани за производството се опишуваат сегашните технологии, но истовремено се отвора пат и за областите што допрва ќе се развиваат и ќе даваат нови практични насоки во самиот процес на производство. Во дел од поглавјата се опфатени темите поврзани со транспортот, спортот, градежништвото и со медицината. Изнесени се карактеристиките за секоја од овие теми одделно при што се дискутира за проектните и за производствените методологии.
Авторот создал еден непроценлив водич за производителите, крајните корисници и за проектантите на полимерни композитни компоненти, како и за сите истражувачи во полето на структурни материјали. Треба да се истакне дека на производителите на традиционален текстил им се отвораат нови области во кои може да истражуваат и да идентификуваат нови пазари.
Ендрју С. Лонг
е предавач на Факултетот за механички производствен инженеринг и за инженеринг на материјали при Универзитетот во Нотингем. Моментално е раководител на групата за истражување на полимерни композити и на многу други проекти финансирани од владата и од индустријата за текстилни композити.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.