Опис
ESENSA CEVITAL ВИТАМИН Ц, 500 MG ТАБЛЕТИ, 30
Cevital витамин Ц таблетите содржат 500 mg витамин Ц во една таблета. Витамин Ц припаѓа во групата витамини растворливи во вода и е есенцијален за бројни биолошки процеси. Благодарение на антиоксидативното и имунопротективно дејство, се препорачува негова превентивна примена со цел правилна функција на имунолошкиот систем, особено во сезони на настинки и вируси. Неопходен е за синтеза на колаген, протеин кој влегува во состав на сврзното ткиво. Витаминот Ц помага во ресорпцијата на железото, помага за правилна функција на непцата.