Опис
Правда е криминалистички роман во кој се зборува за еден адвокат чија прва задача е одново да го истражи случајот во кој еден маж е осуден за еклатантно убиство. Во својот осврт кон книгата, писателката Урсула Хеги пишува: „Со повторната истрага на убиството, чинот на насилство се отстранува од теоријата, по што теоријата се справува со чист, нечувствителен остаток што сè помалку е поврзан со злосторството. Истото се случува и со правдата – се одвојува од својот извор, ја губи својата причина за постоење и се исцрпува себеси низ игра“.
Книгата ги критикува структурите на правниот систем и ја продлабочува природата на правдата. Диренмат се фокусира повеќе на политиката, отколку на ликовите кои играат бизарни улоги во машинеријата на швајцарската правда. Но, и покрај тоа, критиката е согласна дека Диренмат е вешт креатор на незаборавни типизирани ликови, чии карактеристики се акумулирани во нивните имиња, а се реализираат преку нивните постапки.