Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 2 Македонски јазик Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13124 Категорија

Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 2

350 ден

Време на достава: денес, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Македонски јазик

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 2 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство. Но, може да им послужи како корисно јазично помагало и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на морфологијата и на синтаксата.

Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се доближат на студентите основните морфолошки и синтаксички знаења од теориски и од практичен аспект. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.