Моќта на педагогијата Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13104 Категорија

Моќта на педагогијата

800 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Педагогија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Понекогаш ќе наидеш на многу важна книга што го поместува и го појаснува твоето сфаќање. Ова е токму таква книга. Тука ќе најдеш фасцинантна анализа на темите и идеите што денес ги опфаќаат поучувањето и учењето. Овие два искусни мислители и практичари нудат нова перспектива за педагошката мисија преку историјата, теоријата и вињетите земени од училницата, денес. Врвно дело на научност – мораат да го искусат и тие што се подготвуваат да поучуваат, но и тие што веќе поучуваат.

СЕР ТИМ БРИГАУС, поранешен повереник за училиштата во Лондон, визитинг- професор на Институтот за образование при Универзитетот на Лондон

Оваа важна книга успеа да ги сврзе поучниот дух на светските текови и реалниот увид во практиката на поучување и учење. Нејзиниот лесно читлив наратив на возбудлива истрага ги интегрира практиката и теоријата со таков висок квалитет на анализа, што истовремено е редок и целосно убедлив.

СЕР ДЕЈВИД ВИНКЛИ, поранешен директор на Училиштето „Гров“ во Хендсворт и владин советник за образование

„Педагогијата“ е неизоставно важна во дебатата за поучувањето и учењето. Во оваа книга авторите ги анализираат и ги истражуваат современите поими за педагогијата низ делата на клучните личности како Фреире, Монтесори и Виготски и објаснувааткако новиот поим за педагогијата може да ги преобрази институциите, посебно училиштата. Понатаму авторите:

– го истражуваат историскиот и културолошкиот контекст на нашето сфаќање за педагогијата;

– анализираат како начинот на разбирање на човечкиот ум влијае врз поучувањето и учењето;

– го испитуваат уделот на новите форми на комуникација на постапките и целите на педагошката активност.

Со огромно значење за студентите на магистерските и докторските студии од педагогијата, оваа книга ќе ги заинтригира и практичарите кои истражуваат во истата област.

Боб Мун е почесен професор по педагогија на „Отворениот универзитет“, Кембриџ, Обединето Кралство, и директор на Програмата за образование на наставниците на супсахарска Африка (ТЕССА).

Џени Лич беше професор по учење и развивање на наставниците на „Отворениот универзитет“, Кембриџ.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.