Смртта на бани манро Белетристика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13032 Категорија

Смртта на бани манро

350 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Белетристика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Смртта на Бани Манро“ е вториот роман на Ник Кејв, познатиот пејач и предводник на групата „Ник Кејв енд д Бед Сидс“, напишан цели дваесет години по неговиот прв роман, „И магарето го виде ангелот“.

Романот е приказ на последното патување, на „последната зделка“ на патувачкиот трговец Бани Манро, кој на крајот на неговиот животен пат се соочува со спогодбата за сопствената душа.

Бани Манро е средовечен и многу порочен развратник, кому по злоупотребата на многу жени и на многу алкохол, како казна му стигнува самоубиството на неговата сопруга и, воедно, мајка на неговиот син, Бани Помладиот, кој сега останува во негова грижа. Романот го опишува неговиот последен ден „на работа“ во Брајтон и околината, инаку местото каде што навистина живее и авторот на романот – самиот Ник Кејв.

„Смртта на Бани Манро“ е еден роман од кој неминовно избива карактеристичниот мрачен и саркастичен хумор на еден од најхаризматичните и најоригинални рок-икони на крајот на XX и почетокот на XXI век, кој со овој бестселер се потврдува и како оригинален и автентичен романописец.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.