Опис
Ноќта на зелената самовила е современ роман, пишуван во разговорен стил, во кој на извонреден начин е прикажано колку се безвредни надворешната убавина, интелигенцијата и чистата душа на секој млад човек ако покрај себе нема за пример пожртвувани и добри родители.
Што значи за едно општество основната клетка – семејството.
Во овој доста сликовито е прикажана залудно потрошената младост на една убавица, која е свесна за својот промашен живот и која решава да се жртвува докрај, со единствена цел – доклку е можно да им помогне на идните генерации да не бидат жртви на општеството.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.