Ангажирање на непрофитни организации: социјалната држава во времето на договори Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 171 Категорија

Ангажирање на непрофитни организации: социјалната држава во времето на договори

1,063 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во изминатите години владата на САД ја искажа својата примарна реакција како одговор на растечките проблеми со бездомниците, гладот, злоупотребата на деца, здравствената заштита и сидата преку непрофитните организации што се формирани со парите на даночните обврзници. Овие организации, како дел од раширеното движење кон приватизацијата, претставуваат револуционерна промена кај социјалните држави. Авторите Стивен Р. Смит (асистент професор за јавна политика и за политички науки при Универзитет „Дјук“) и Мајкл Липски (поранешен професор и програмски офицер во фондацијата „Форд“) ги анализираат позитивните и негативните страни од ова префрлување на парите од даночните обврзници, од јавниот кон приватниот сектор. Оваа прва студија за социјалните, политичките и за организациските ефекти на оваа нова услужна стратегија претставува есенцијален придонес кон моментално вжештената дебата за иднината на социјалната држава.
Во неа е објаснето како склучувањето на договорите придонесе за ширење на полето од услуги, овозможи поголема праведност и доведе до повисоки стандарди во одредени важни услужни области. Услужните непрофитни организации, исто така, се имаат променето во однос на изворите на финансирање, управувањето, квалификуваноста на персоналот и природата на услугите. Разгледани се дилемите што ги имаат менаџерите при добивањето на договорите, при натпреварувањето со другите организации и при менувањето на приоритетите со цел да се задоволат одредени барања.
Текстот во книгата е напишан со надеж дека луѓето што учествуваат во креирањето на социјалната политика ќе најдат одговори на прашањата што си ги поставуваат секојдневно.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.