Закрепнувањето и резултатите во спортот Спорт Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13259 Категорија

Закрепнувањето и резултатите во спортот

750 ден

Време на достава: утре, 13.01.2025 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 14.01.2025 до среда, 15.01.2025 до 17ч

Категории: Спорт

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Закрепнувањето и резултатите во спортот ги опфаќа најновите научни
истражувања од полето на закрепнувањето и користи вештини од практичното
искуство на спортските научници кои работат со професионални спортисти во
врвни центри за закрепнување и подготвеност ширум светот. 
Книгата е дополнета од страна на членовите на Националниот институт за спорт, стручност и подготвеност (INSEP) и има цел да ги презентира техниките и модалитетите за подобрување на закрепнувањето на спортистите, адекватно искористување на времето за тренирање и избегнување на претренираност.
Приложените најнови истражувања и техники во Закрепнувањето и резултатите
во спортот нудат стратегии за подобрување на процесот на закрепнување.
Читателите имаат можност да научат дека за подобрување на подготвеноста, важно е да се има адекватен пристап при планирање на процесот на закрепнување, што е индивидуализиран и базиран на докази. Во оваа книга исто така се презентирани и прикази на случаи на меѓународни спортисти и тренери, со што се понудени дополнителни аргументи во дискусијата околу безбедноста и ефективноста на модалитетите и како наведените концепти можат да се применат во конкретните спортови.
Обемот на ваквата практична содржина е наменет за професионалци, спортисти,
тренери и студенти. Закрепнувањето и резултатите во спортот може да им
помогне на читателите да го подобрат процесот на закрепнување со цел да им
се помогне на спортистите полесно да се приспособат кон оптоварувањето при
тренирање, да го намалат ризикот од прекумерно оптоварување и ризикот од
повреди и, на крајот, да ги подобрат спортските резултати.
Моја нарачка