Ерата на маркетингот: од професионална практика до глобално обезбедување Маркетинг Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 9424 Категорија

Ерата на маркетингот: од професионална практика до глобално обезбедување

1,500 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Маркетинг

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во овој текст е разгледан еден витален момент од капитализмот кој досега не беше признат во смисла на неговиот придонес кон корпоративната експанзија и кон комерцијализацијата – тој момент е маркетингот за потрошувачите. Во оваа книга се елаборирани организациските принципи и културолошката логика на маркетингот. Практицирањето на маркетингот, не само што помага во трансформацијата на микроопкружувањата во кои се одвива дистрибуцијата, продавањето и потрошувачката туку го оркестрира и самото производство и пуштањето во промет на производите за широка потрошувачка, на еден стандардизиран начин во речиси сите индустрии.
Наместо како едноставната размена, односно продажба, авторот го анализира маркетингот како еден систем за обезбедување. Со поимот систем на обезбедување се означува проектот за соработка меѓу произведувачите и потрошувачите, со цел задоволување на потребите. Кога производот или услугата се продаваат сами, бидејќи се „вклопуваат“, се случува нешто повеќе од обична продажба. Тоа е моментот кога и маркетарот и клиентот истовремено доживуваат откривање и задоволување на желбите. На тој начин пазарот станува локација за автоматско и за природно исполнување на човековите барања, истовремено предизвикувајќи исчезнување на наметливото и потенцијално неетичко посредништво на маркетарот.
Авторот Калман Аплбаум, доцент по антропологија при Универзитетот во Висконсин, тврди дека на маркетингот може да се гледа како на посебен збир од културни навики што испливуваат на површината како последица од богатството на западното општество, а не како одговор на повикот од инхерентните човечки потреби и желби. За да се разберат глобализацијата, меѓународните корпорации и ширењето на потрошувачката култура, пред сè мора да се разбере логиката на маркетингот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.