Опис
Начинот на живот и аерозагадувањето можат да доведат до оксидативен стрес, што води до предвремено стареење на кожата.
Намена: за секој тип на кожа. Погоден како основна или дополнителна нега (пред хидратантен крем). Со дискретен мирис. Некомедоген. Погоден како подлога за шминка.
Иновацијата:
10% чист Витамин Ц – ефикасен антиоксиданс и го стимулира производството на колаген во кожата. Хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина продира до епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат брчките. Ликохалкон А е друг моќен антиоксиданс, кој дополнително ја подобрува клеточната антиоксидантна заштита.
Резултат: намалување на трагите од стареење. После 7 дена: кожата изгледа посјајна и свежа.
Дерматолошките проучувања докажуваат: многу добра ефикасност и подносливост од кожата.
Достапен во 2 различни пакувања:
Единечно пакување за 7-10 дена: 1 вијала
Тројно пакување за 24-30 дени: 3 вијали
Помешајте и протресете ја содржината пред првата употреба. Нанесувајте го наутро или навечер пред хидратантниот производ или помешајте го со него. Избегнувајте контакт со очите. Може да се појави лесно печење. Прекинете да го употребувате ако непријатноста и печењето продолжуваат. Аскорбинската киселина може да ја зголеми чувствителноста на кожата кон сонцето и можноста од изгореници на сонце. Нанесувајте крем за заштита од сонце и ограничете го изложувањето на сонце додоека го користите Витамин Ц Бустерот и една седмица по прекинувањето.
Најдобро е да се употреби во период од 21 ден од денот на отварањето.
Aqua, Ascorbic Acid, Glycerin, Squalane, Isopropyl Palmitate, Dibutyl Adipate, Glyceryl Stearate, Distarch Phosphate, Methylpropanediol, Sodium Hyaluronate, Glycyrrhiza Inflata Root Extract, PEG-40 Stearate, Sorbitan Stearate, Sodium Cetearyl Sulfate, Dimethicone, Acrylic Acid/VP Crosspolymer, Xanthan Gum, Trisodium EDTA, 1,2-Hexanediol, Piroctone Olamine, Phenoxyethanol, BHT, Parfum
EUCERIN колекции