Опис
Ова е текст од биохемијата кој мора да го поседува секој студент – сега во боја!
Детална, концизна и современа, Харперовата илустрирана биохемија е на врвот според својот квалитет и можноста за објаснување на врската помеѓу биохемијата и молекуларната основа на здравјето и болеста.
Дваесет и осмото издание претрпе големи промени – вклучително и конверзија во боја на сликите и нацртите и детална ревизија и осовременување на секое поглавје – со цел да се отслика најновиот напредок на знаењето и технологијата и текстот да се направи колку е можно посовремен и клинички релевантен.
Погодувајќи го совршениот баланс помеѓу деталноста и прецизноста, Харперовата илустрирана биохемија е клучна за USMLE прегледите и е најдоброто референтно дело за учење на клиничката релевантност на темата на биохемијата.
НОВО во ова издание:
Презентација во боја, вклучително и 600 илустрации
• Секое поглавје започнува со резиме на биохемиската важност и завршува со резиме кое ги прегледува покриените теми
• Две комплетно нови поглавја: „Слободните радикали и антиоксиданските прехранбени состојки“ и „Биохемиски истории на случај“ кои што нудат детална презентација на 16 клинички состојби
• Нов прилог кој содржи основни клинички лабораториски резултати и ажуриран прилог со листа на важни биохемиски интернет страници и интернет списанија
• НОВА или ажурирана покриеност на важните теми, вклучително и Проектот на човековиот геном и давање на лекови со помогнато од компјутери