Принципи на геотехничко инженерство Градежништво Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 3453 Категорија

Принципи на геотехничко инженерство

2,990 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Градежништво

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова издание е јубилејно и со него се одбележува 25-годишнина од првото издавање на книгата. Како и во претходните изданија и во ова се нуди преглед на особините на почвата, поткрепен со практични теренски примери и со основните инженерски практики, без притоа да се менува главната философија, според која бил напишан првобитниот текст. Во 18 поглавија се опфатени следниве теми: историскиот равој на геотехниката, потеклото на почвата и нејзиниот гранулометриски состав, тежинско-волуменските односи, пластичноста и структурата на почвата, класификацијата на почвите, збивањето на почвата, водопропустливоста, филтрацијата, теренските напрегања, напрегањата во почвената маса, стисливоста, јакоста на свлекување, страничниот притисок, стабилноста на наклоните, носивоста на почвата за плитки темели, облогите и геосинтетичките материјали за депонии.
Браја М.Дас
е декан на Факултетот за инженерство и за компјутерски науки при Државниот универзитет во Калифорнија. Неговиот придонес во инженерството се отсликува во неговите поцеќе од 200 објавени стручни трудови.
Самиот јубилеј од 25 години е доволен доказ за квалитетот и за бараноста на оваа книга која постојано се надградува и усовршува. Сé што треба да знаете од областа на геотехниката се наоѓа на едно место.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.