Eucerin aquaphor заштитен мевлем за оштетена кожа – погоден за бебиња, 45 мл Бебе Козметика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: KEU83 Категорија Ознака: Brand:

Eucerin aquaphor заштитен мевлем за оштетена кожа – погоден за бебиња, 45 мл

Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мевлем образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Мевлемот е збогатен со глицерин и пантенол.

ден

Нема на залиха

Категории: Бебе Козметика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мевлем образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Мевлемот е збогатен со глицерин и пантенол. Глицеринот е ефикасен навлажнувач којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој делува заедно со пантенолот, којшто ја хидрира кожата и помага да се забрза нејзината регенерација и обновување.

Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа е без мирис и конзерванси, а со клиничките и дерматолошките студии беше докажано дека го помага обновувањето на многу сувата, распукана или иритирана кожа.
Смирувачкиот, провиден мевлем е лесен за нанесување и се втрива нежно во проблематичните зони како кожата на колената и на лактите, распуканата кожа на дланките, заноктиците и распуканата кожа на петите. Содржи само неколку состојки кои добро се поднесуваат од чувствителната кожа. Погоден е за употреба кај бебиња и деца, како и при лесни изгореници и после површни дерматолошки процедури како на пр. ласерски третмани и хемиски пилинзи*. Кожата е регенерирана, заштитена и обновена.
*Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа треба да се користи само на реепителизирана кожа (т.е. откако ќе се образува ново ткиво), а не на отворени, влажечки или рани што крвават. Посоветувајте се со вашиот дерматолог колку долго треба да почекате после лечењето, пред да го користите производот.

•Нанесувајте толку често колку што е неопходно на засегнатите делови на кожата.
•Количина од производот на врвот на прстот обично е доволен за секоја рака. Истата количина е доволна за лицето и вратот на бебето.
•Со нежни масажни движења, со јагодиците на прстите втријте го во кожата. Мевлемот се затоплува и лесно се разнесува по кожата.
•Не нанесувајте на отворени, влажни рани или на рани што крвават. Почекајте кожата да се реепителизира, пред да почнете да го користите производот.

Paraffinum Liquidum, Cera Microcristallina, Ceresin, Lanolin Alcohol, Panthenol, Glycerin, Bisabolol

EUCERIN колекции

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.