Опис
Влажните тоалетни марамчиња Becutan од биоразградлива хартија се повеќенаменски, овозможуваат лесно и практично отстранување на нечистотиите од интимните делови на телото, од рацете и од лицето на бебињата, особено во услови кога водата и сапунот се недостапни. Бидејќи марамчињата може да се фрлат во WC–школка, им помагаат на децата при здобивањето хигиенски навики од најрана возраст.
Содржат екстракт од камилица и Де-пантенол, кои имаат смирувачко дејство врз кожата, поради што производот се препорачува и за лична хигиена кај возрасни со чувствителна кожа.
Биоразградливи и растворливи во вода.
Дерматолошки тестирани.
Екстракт од камилица и Де-пантенол.
Без алкохол.
Без парабени.