Политика за замена, односно враќање на производ на барање на Потрошувач
Потрошувачот има право во Киви Република КВ ДООЕЛ Скопје, да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:
Производот не бил користен;
Сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
При поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фактурата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фактурата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.
Производот кој се менува ни го испраќате преку курирска служба, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Пакуваните производи се враќаат преку курирска служба на трошок на Купувачот на следнава адреса:
Киви Република КВ ДООЕЛ Скопје
Ул. Владмир Каваев бр. 13А
1000 Скопје