Опис
Ефектите од владиниот буџет на општеството и политичката економија имаат големо значење за економистите, како и за потрошувачите и даночните обврзници. Првите прилози на оваа книга ги анализираат сите компоненти на владиниот буџет – трошоците, приходите и дефицитот- со посебно истакнување на прашањата за кои се претпоставува дека имаат поголемо значење во текот на последната деценија, како што се трансфери на долг меѓу генерациите и намалувања на корпоративни
даночни приходи.
Поглавјата ги обработуваат микроекономските и макроекономските
аспекти на ефектите на буџетите и покажуваат како буџетските политики
влијаат врз инфлацијата, ефикасноста, билансот на плаќања, девизните
курсеви и процесот на одлучување.
Елханан Хелпман, Асаф Разин и Ефраим Садка се професори по економија
на Универзитетот Тел Авив.