Möller’s омега-3 tutti frutti масло тути-фрути, 250мл Бебе & Деца Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: VITADG10 Категории , , , Ознака: Brand:

Möller’s омега-3 tutti frutti масло тути-фрути, 250мл

 

1,055 ден

На залиха

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Здравје, Омега, Рибино масло, Бебе & Деца

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

БЕНЕФИТ

Möller’s  Тути-Фрути маслото од црн дроб на бакалар со вкус на тропско овошје во 5мл содржи 1170мг природни есенцијални масни киселини Омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е.
1(една) лажичка (5мл) од  Möller’s Тути-Фрути содржи >99% (4600мг) масло од црн дроб на бакалар.
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.

ДХА придонесува за одржување на нормална функција на мозокот и видот.
Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.

Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид и нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Дозирање и начин на употреба:
Препорачана дневна доза за возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл.*
Препорачана дневна доза за возраст од 3 години и возрасни: 5мл.*
*За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.
За целосен развој секоја капка е важна!

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

Möller’s е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, е патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат.
Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Möller’s ги сфаќаме сериозно.

Möller’s Тути-Фрути маслото од црн дроб на бакалар со вкус на тропско овошје е особено богат со ДХА. Научно е докажано дека ДХА придонесува за нормален развој на мозокот и видот. Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот и притоа придонесува за одржување на здрави коски.

Норвешки квалитет од 1854 година
Möller’s не прави компромис кога станува збор за квалитетот. Нашето масло од црн дроб на бакалар се прави од свеж арктички бакалар, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка. Ние сме целосно посветени на нашата работа, произведувајќи ги најдобрите производи за вашето здравје уште од 1854 година, кога норвешкиот фармацевт Питер Молер го револуционизираше производството на масло од црн дроб на бакалар. Неговата иновација во процесот на екстракција – методот на екстракција со пареа, се користи и до денешен ден и на тој начин добиеното масло е особено прочистено, чувајќи ги сите квалитети на Омега-3 масните киселини и витамините Д, А и Е непроменети.

Произведувa: Orkla Health Норвешка
Ексклузивен застапник и дистрибутер: ГЕОПРОМ. www.geoprom.com.mk / www.mollers.mk 


Möller’s – Природно и совршено, од првата до последната капка.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.