zoom_mobile.001

ВИСТИНСКО БЕЛЕЊЕ, ДОМА!

Почувствувај ја моќта на чиста и блескаво бела насмевка, со најдобриот професионален систем за белење заби во домашни услови, за седум дена со Philips Zoom DayWhite  (HP formulation) и NiteWhite (CP formulation).

"Домашното белење на забите со помош на пероксидни системи е најбрзо-растечката стоматолошка естетска процедура на сите времиња, уште од 90 тите години па до денес."

three-advantage-L

ИНОВАТИВНА ФОРМУЛА

Philips Zoom е единствениот професионален систем за домашно белење формулиран со ACP (amorphous calcium phosphate), калиум нитрат и флуор.

Уникатна формула која овозможува повисок сјај на избелените заби. Jа освежува, реминерализира и измазнува површината на забот. Драстично ја намалува евентуалната пречуствителност на забите, и нуди целосно подобри резултати по белењето.

ВОДОРОД ИЛИ КАРБАМИД ПЕРОСКИД

Водород пероксид или карбамид пероксид се активната состојка во сите вистински системи за белење заби.

Водород пероксид е активен пократок временски период, и затоа е идеален за пациенти кои преферираат пократок третман.

Карбамид пероксидот е всушност водород пероксид стабилизиран со уреа, поради што има продолжено време на делување а со тоа и можност за подолготраен третман и поинтензивно белење, со блага и нежна концентрација.

Ники

НОВО!

На ваше барање, сега достапен и ONLINE - промотивна online цена!

* oсвен online, Philips zoom home whitening може да се најде во поелитните стоматолошки ординации ширум земјата, по цена одредена од стоматолошката ординација

Две варијанти Zoom

Блага солуција (гел) 6% водороден пероксид за здрава и бела насмевка за оние кои преферираат пократки дневни сеанси на белење

Блага солуција (гел) 16% карбамид пероксид која овозможува подолготрајни дневни сеанси на белење за оние кои сакаат поинтензивна белина

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

 

Процес со кој се осветлува нијансата на забите преку отстанување на дисколорациите во глеѓта и дентинот на забот. Системот се состои од блага солуција (гел) која се поставува во индивидуален позиционер над забите во времетраење пропишано од производителот.

 

Постојат повеќе фактори (надворешни и внатрешни) кои предизвикуваат потемнување на забите до темна жолтеникаво сива боја. Најчести причини се стареење, внесување обоени пијалоци (кафе, чај, кола, тутун), недоволна хигиена, траума, како и стари пломби.

 

Пациентите често опишуваат зголемена самодоверба, подобрување на оралната хигиена и зголемен интерес за стоматологијата.

 

Кај најголем дел од пациентите белењето на забите има одличен ефект. Степенот на белина варира од пациент до пациент, зависно од структурата на забите, како и бројот на апликации и времетраењето на третманот согласно упатството на системот кој се користи.

 

Да!

Истражувањата и клиничките студии покажуваат дека избелувањата на заби со карбамид пероксид или водороден пероксид се безбедни за забите и непцата. Всушност, многу стоматолози го сметаат овој процес на белење како најбезбедна козметичка стоматолошка процедура достапна денес.

 

Пероксидната солуција ги оксидира и отстранува обоените молекули насобрани во микроскопските празни простори во структурата на забот, додека структурата на забот останува непроменета. Самото оксидирање и отстранување на обоените молекули драматично го осветлува забот. Пероксидната солуција брзо и лесно се распределува по целата површина на забот, така што и да не е целиот заб покриен со гел, целиот ќе се избели. Бројни студии ја докажаа ефикасноста на пероксидите во процедурите за избелување заби.

 

Иако ефект се гледа уште првите денови, максималните резултати се добиваат кога третманот е континуиран од 7 до 14 дена.

 

Привремена чуствителност на ладно и привремена иритација на непцето се компликации кои можат да се јават кај некои пациенти, но истите се транзиторни. Чуствителноста на ладно е блага и сама се повлекува. Иритацијата на непцето може да настане доколку вишок гел има контакт со непцето. Иритацијата се повлекува сама по себе.

Формулацијата на ACP (amorphus calcium phosphsate) која е дополнителна компонента има задача да ја намали чувствителноста на забите при и после третманот на избелување.

НЕМА СТРУКТУРНИ ИЛИ ФУНКЦИОНАЛНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ НА ЗАБИТЕ.

 

Избелените заби секогаш ќе бидат побели. Препорачано е кај пациенти кои во големи дози конзумираат кафе, чај, црвено вино и тутун, да прават “touch up” сеанси на интервали од 6 до 12 месеци.

file
image-4

MADE IN CALIFORNIA

Discus Dental, LLC
Ontario, CA 91761 USA
philipsoralhealthcare.com
Made in USA
4235 02 24891
COVID-19 поради актуелната ситуација, можно е благо прологнирање на процесирањето и/или испораката на нарачките. Работиме да ги исполниме во најкус можен рок и редовно известуваме