Грижа за забите и непцата кога не можеш да одиш на стоматолог

Добра идеја да го посетиш својот стоматолог бар еднаш годишно. Стоматологот може да детектира рани знаци на здравствени проблеми, како расипани заби, гингивит, па дури и дијабет. Поради коронавирусот, секако дека посетата на стоматолог стана покомплицирана. Но без грижа - добрата дентална хигиена започнува дома. 

Како да ги чистиш забите и непцата дома

Целта е да се отстрани плакот. Тоа е провиден филм кој се прикачува на површината на забите. Најчесто основата му е бактерии кои ослободуваат киселини кога јадеш и пиеш. Овие бактерии имаат особен афинитет према шеќерите. Со тек на време, киселините кои тие ги ослободуваат можат да ја разградат тврдата надворешна супстанца која ги обложува забите, наречена емајл. Но може да се провлече и во непцата (гингива). Тоа е инфекција која се нарекува гинивит. 

Кога ќе се насобере поголема количина плак тој се претвара во забен каменец. Тоа е тврдата супстанца која стоматологот ја отстранува со гребење со специјални инструменти или утлразвук. Тоа не е процедура која може да се прави во домашни услови. Но, за да ги одржиш забите и непцата во добра состојба, можеш и мораш:

Да четкаш два пати на ден. Користи четка со меки влакна. Нежно четкај две минути. 

Користи паста со флуор. Прашај го својот стоматолог дали ти е потребен дополнителен флуор. Може да ти предложи препарат за локална апликација. 

Менувај ја старата четка. Користи нова четка секои 3-4 месеци. Менувај и порано доколку приметиш дека влакната почнуваат да се трошат. 

Чисти помеѓу забите барем еднаш дневно. Стоматологот може да ти предложи и “интердентални чистачи”. Тоа се производи како:

  • Забен конец
  • Инердентални чепкалки
  • Водени чистачи

Не користи нокти, игли или други предмети од домаќинството за оваа намена. 

Користи раствори за плакнење. Потребене терепевтски, или антисептичен раствор. Растворот помага во контролата на плак, гингивит, лош здив, микроби, и разградување на забната супстанца. Деца под 6 години не треба да користат раствори за плакнење. Можат да ги проголтаат. Побарај раствор кој ги содржи следните состојки:

  • Cetylpyridinium chloride
  • Есенцијални масла (еукалиптус, ментол, метил салицилат, тимол)
  • Флуор
  • Пероксид

Џвакај гуми без шеќер. Кога џвакаш, создаваш многу плунка. Влажна уста може да штити од разградување на забната супстанца (расипување на забите) и гингивит. Џвакај гума (мастика) по оброк или во тек на денот за да спречиш сува уста. 

За да ги заштитиш забите и непцата:

  • не пуши цигари
  • третирај ги здравствените состојби, како дијабет
  • намали внес на шеќер, вклучително благи закуски и пијалоци

Дали треба да се загрижиш доколку ти крварат непцата додека користиш забен конец?

Нормално е да приметиш малку крварење ако предходно немаш користено забен конец подолго време или никогаш. На непцата ќе им треба некое време да се адаптираат на новата рутина. Продолжи со користење на забен конец, но прави го тоа нежно. 

Дали треба да го чистиш (гребеш) јазикот?

Не постои научен доказ дека гребењето на јазикот е добар начин да се отстранат микробите од јазикот, меѓу кои и оние кој создаваат лош здив (халитоза). Но секако нема ништо лошо доколку го чистиш јазикот. Можеш да користиш специјален чистач за јазик или едноставно користи ја четката.

Што да правиш при болест?

Дури и ако не се чувствуваш добро, пак треба да се трудиш да ги четкаш забите два пати на ден. Пробај:

  • да користиш средства за кашлица или грло кои се без шеќер
  • плакни со вода или разреден раствор (со вода) после повраќања
  • негувај сува уста плакнејќи со вода (не шеќер или кисел лимнов сок)

Не ја споделувај четката за заби со никого!

Што е стоматолошка ургентна состојба? 

Постојат одредени ситуации со кои нема да можеш да се справиш дома. Јави се на стоматолог ако имаш:

  • сериозна болка или оток во или окулу устата
  • крварење кое не престанува
  • знаци на инфекција (оток, црвенило, болка)
  • скршен заб или коронка
  • проблеми со протези

Јави му се на стоматологот пред да одиш во ординација. Кажи им доколку имаш други симптоми, како кашлање, температура, или проблеми со дишењето. Тоа може да биде знак дека имаш вирусна инфекција како грип или ковид 19. Стоматологот ќе ти даде совет за следните чекори кои ќе треба да ги превземеш. 

Последна медицинска ревизија:24.04.2020

Поврзани производи

ИЗВОРИ: MouthHealthy.org: “Your Top 9 Questions About Going to the Dentist – Answered!” “Diabetes and Your Smile,” “Plaque,” “Gingivitis,” “Flossing,” “Scaling and Root Planing,” “Brushing Your Teeth,” “Bleeding Gums,” “Tongue Scrapers and Cleaners,” “Cold and Flu Season: 5 Ways to Care for Your Mouth When You’re Sick,” “Dental Appointments and COVID-19.” CDC: “What Can Adults Do to Maintain Good Oral Health?” “Community Water Fluoridation: Bottled Water.” The Journal of the American Dental Association: “Drink Up! Fluoridated water helps fight decay.” American Academy of Periodontology: “What Is The Difference Between Plaque and Calculus?” American Dental Association: “Home Oral Care,” “Mouthwash (Mouthrinse),” “Chewing Gum.” NIH: News in Health: “Keep Your Mouth Healthy: Oral Care for Older Adults.” Advances in Nutrition: “Sugars and Dental Caries: Evidence for Setting a Recommended Threshold for Intake.” Cleveland Clinic: “Should I Be Using an Electric Toothbrush?”Извори: PCOS Foundation: "What Is PCOS?" "Types of Medical Treatment," "How Do I Know If I Have PCOS?" "Types of Doctors that Treat PCOS." Eunice Kennedy Shriver National Institute of Child Health and Human Development: "What is PCOS?" "How do health care providers diagnose PCOS?" "Treatments to Relieve Symptoms of PCOS," "Treatments for Infertility Resulting from PCOS." Office on Women's Health: "Polycystic ovary syndrome (PCOS) fact sheet." University of Chicago Medicine: "Polycystic Ovary Syndrome: Treatment Options," "PCOS Health Risks." UpToDate: "Patient information: Polycystic ovary syndrome (PCOS) (Beyond the Basics)." UConn Today: “How Bactera Keep Us Healthy.” Integrative Medicine: A Clinician’s Journal: “Part 1: The Human Gut Microbiome in Health and Disease.” ACP Microbe Institute: “Microbe Magic,” “The Good Bacteria.” Academy of Nutrition and Dietetics: “Prebiotics and Probiotics: Creating a Healthier You.” Crohn’s & Colitis Foundation: “Gut Microbiome Points To Cures and Treatment for IBD.” International Foundation for Functional Gastrointestinal Disorders: “Gut Bacteria and IBS.” Cleveland Clinic: “How Gut Bacteria May Help Curb Your Heart Disease.” University of California, Los Angeles: “Changing Gut Bacteria Through Diet Affects Brain Function, UCLA Study Shows.” Journal of Neuroscience: “Gut Microbes and the Brain: Paradigm Shift in Neuroscience.” Endocrine Society: “Magnetic Brain Stimulation Causes Weight Loss By Making Gut Bacteria Healthier.” Mayo Clinic: “What Are Probiotics?” Journal of Food Science and Technology: “Probiotics, Prebiotics and Synbiotics -- A Review.”