Визуелен водич за инфекции на уринарниот тракт

Што е тоа инфекција на уринарен тракт?   

Околу половина од женската популација добива инфекција на уринарниот тракт во одреден период од животот. Ова се случува кога микроорганизми го инфицираат системот што ја носи урината надвор од телото- бубрезите, мочниот меур и каналите што ги поврзуваат. Воспаление на мочниот меур е многу честа појава и не е опасна ако навремено се третира. Но ако инфекцијата се прошири на бубрезите, тоа може да доведе до многу посериозни состојби. 

Симптоми на инфекција на уринарниот тракт: Инфекција на мочниот меур

Повеќето уринарни инфекции се воспаление на мочниот меур Симптомите вклучуваат:

-Болка или печење при мокрење

- Нагон за често мокрење

- Болка во долниот дел на стомакот

- Урината е матна и со непријатен мирис

- Некои луѓе поминуваат без симптоми

Симптоми на инфекција на уринарниот тракт: Инфекција на бубрезите

Доколку инфекцијата на мочниот меур не е навремено третирана, истата може да се прошири на бубрезите. Знаците за ова вклучуваат: - Болка на било која страна во долниот дел од грбот - Треска и покачена температура - Гадење и повраќање

Кога да посетите лекар?

Консултирајте се со вашиот лекар веднаш штом почувствувате некои од симптомите за инфекција на мочните патишта. Воспалението на мочниот меур обично не бара итен медицински третман, но кај некои поединци постои висок ризик за компликации. Тука спаѓаат бремените жени, постарите лица, мажите, како и дијабетичари, луѓе кои имаат проблем со бубрезите или оние со ослабнат имунитет.

Инфекција на уринарен тракт или нешто друго?

Иако печењето при мокрење е јасен знак за инфекција на уринарниот тракт, тоа исто така може да биде симптом и на низа други проблеми, како: вагинална габична инфецкија или одредени сексуални преносливи болести, како кламидија, гонореја и трихомонијаза. За да се открие дали се работи за уринарна инфекција или сексуално пренослива болест, денес се користат едноставни лабораториски тестирања. Многу слични симптоми со инфекција на уринарниот тракт има и интерстицијалниот циститис. Се јавува и кај мажи и кај жени, а започнува по инфекција на мочните патишта.Цистоскопија, тенка цевка и камера што се вметнуваат во мочниот меур, неможе да дијагностицира интерстицијален циститис, но може да помогне да се идентификуваат абнормалностите на мочниот меур, што предизвикуваат циститис.

Циститис "меден месец" 

Ретко што може да го уништи медениот месец како инфекција на уринарниот тракт. Ова е толку честа појава што си заслужи и свое име- Циститис на меден месец. Причина? При сексуален однос бактериите може да се истуркаат во уретрата. И покрај името, овој проблем се разбира не е поврзан исклучиво со медениот месец. Некои жени добиваат инфекција на мочниот меур, скоро по секој сексуален однос. Жените кои користат дијафрагма како контрацепциско средство се особено подложни на оваа инфекција. 

Скриена уринарна инфекција            

Повремено, инфекциите на уринарниот тракт се јавуваат без присуство на класичните симптоми. Поединецот може и воопшто да не пројави симптоми. Сепак, тестот на урина покажува присуство на бактерии. Оваа состојба е позната како асимптоматска бактериурија. Во повеќето случаи не е потребен медицински третман и лекување. Од руга страна бремените жени, некои деца и пациенти кои чекаат трансплантација на бубрег, треба навремено да се лекуваат за да се спречи инфекција на бубрезите.  

Компликации         

Најголемата опасност поврзана со нетретирани инфекции на уринарен тракт, е тоа што инфекцијата може лесно да се прошири од мочниот меур на еден или двата бубрега. Кога бактериите ги напаќаат бубрезите, тоа предизвикува оштетување што трајно ја намалува нивната функција. Кај луѓе со претходни бубрежни заболувања оваа состојба може да доведе и до откажување на бубрезите. покрај ова, постои и мала шанса инфекцијата да навлезе во крвотокот и да се прошири и на други органи. 

Како започнуваат инфекциите на уринарниот тракт?                  

Многу видови бактерии живеат во цревата и областа на гениталиите, но истото не важи и за уринарниот систем. Всушност, урината е стерилна. Значи, ако бактерија како Ешерихија коли на пример, случајно залута во уринарниот систем, постои можност да се развие инфекција. Обично бактериите се движат по уретрата до мочниот меур, каде инфекцијата опстојува. Жените се поподложни на вакви инфекции од мажите, најверојатно поради фактот што имаа пократка уретра. 

Што го зголемува ризикот од инфекција?           

Уринарните инфекции се најчести кај сексуално активни жени. Фактори кои може да го зголема ризикот се:

 - Не внесување доволно течност  

- Често бањање   

- Камења во бубрег

Уринарни инфекции кај мажите                 

Помала е веројатноста инфекцијата да се јави кај мажи. И кога тоа ќе се случи, обично е поврзано со некоја друга медицинска состојба, како камен во бубрег или зголемена простата. 

Дијагностицирање

Едноставната анализа на урина е првиот чекор кон дијагностицирање на инфекција на уринарниот тракт. Овој тест детектира бактерии и зголемување/ намалување на бројот на белите и црвените крвни клетки. Тестовите даваат брзи резултати, но сами по себе не се доволни за дијагностицирање на уринарна инфекција. вашиот лекар моѓе да побара микробиолошко испитување на урината- уринокултура, за да се утврди видот на бактерија и дали воопшто постои или не уринарна инфекција. тестовите за домашна употреба може да детектираат инфекција, но не се 100% точни. За резултатите од тестирањата и симптомите задолжително консултирајте се со вашиот лекар.   

Третман             

Некои инфекции не баррат никаков третман, аВа во поголемиот број случаи препишаните антибиотици ја лечат инфекцијата. Вашиот лекар може да ви препорача да пиете поголемо количество течности и често празнење на мочниот меур, со што помагате во исфрлањето на бактериите. Бубрежните инфекции често може да се третираат и со орални антибиотици. Но, потешките бубрежни инфекции може да бараат и болничка нега и употреба на интравенозни антибиотици. 

Лекување на повторливи уринарни инфекции              

Кај некои жени инфекцијата на уринарниот тракт се јавува одново и одново. Ако имате три или повеќе инфекции годишно, разговарајте со вашиот лекар за тоа како да ги редуцирате или целосно спречите истите. Кои се вашите опции?     - Долгорочно земање на мала доза антибиотици - Земање единечна антибиотска доза после сексуален однос                    - Навремено земање антибиотици како само-третман кога ќе се појават симптомите           - Вагинална естрогенска терапија кај жени во преи и по менопауза                  - Кај некои жени, кои не користат антиобиотска терапија, помага и земањето на додатоци од брусница              За сите овие опции и нивната ефикасност, разговарајте со вашиот лекар.

Олеснување без препишани лекови                 

Постои лек, наречен феназопиридин, кој може да се купи без лекарска дозвола и помага во ублажувањето на болката, печењето и иритацијата. НО, овој лек само ги ублажува симптомите, а не ја лекува инфекцијата. Сепак неопходно е да го посетите вашиот лекар, кој ќе ви одреди терапија за борба против бактериите кои ја предизвикуваат уринарната инфекција. Користењето на феназопиридин може да доведе и до нуспојави, меѓу кои вообичаено е боењето на урината во темно црвена или портокалова боја. 

Уринарни инфекции и дијабетес               

Дијабетичарите се поранливи на уринарни инфекции од повеќе причини. Прво, имунолошкиот систем им е послаб. Второ, високото ниво на шеќер во крвта може да се пренесе на урината, а тоа го поттикнува развојот на бактерии. Исто така, некои оштетуања на нервите поврзани со диајбетесот, доведуваат до состојба на нецелосно празнење на мочниот меур. Дијабетичарите треба веднаш да се обратат кај својот лекар и при првиот знак на инфекција на уринарниот тракт. 

Уринарни инфекции и бременост              

Постојат повеќе фактори кои ја зголемуваат можноста за уринарни инфекции во бременоста, особено инфекција на бубрезите. Хормоните предизвикуваат промени во уринарниот тракт, а матката од друга страна притиска врз уретерите или мочниот меур (или врз обете), што го отежнува движењето на урината од бубрезите до мочниот меур и надвор. Бидејќи нелекувана уринарна инфекција може да е причинител за предвремено породување, наш совет е веднаш да го известите вашиот лекар, доколку се сомневате дека имате инфекција на уринарниот тракт. 

Уринарни инфекции и менопауза                  

Естрогенот има заштитен ефект во уринарниот тракт, но нивото на овој хормон значително опаѓа за време на менопаузата. Ниското ниво на естроген, го олеснува размножувањето на бактериите во вагината и уретрата. Поради оваа причина, жените по менопауза се поподложни на уринарни инфекции. 

Уринарни инфекции и престој во болница               

Доколку сте хоспитализирани иБактериите може да  имате потреба од катетер (тенка цевка што се вметнува низ уретрата за да ја изнесе урината надвор од телото), тогаш сте изложени на потенцијален ризик од уринарна инфекција. Бактериите може да го најдат патот до мочниот меур преку катетерот. Ова е почесто проблем на повозрасните лица на кои им е потребна подолга болничка нега. 

Уринарни инфекции кај повозрасните лица                    

Уринарните инфекции се меѓу најчестите инфекции кај постарите лица, иако симптомите не секогаш ја следат класичната шема. Агитација, делириум и други промени во иднесувањето може да бидат единствен знак за присуство на уринарна инфекција кај постарите мажи и жени. Кај оваа возрасна група постои ризик и за сериозни компликации од инфекцијата.  

Уринарни инфекции кај доенчиња            

Бебињата често патат од инфекција на уринарниот тракт, но тие неможат да ви кажат што чувствуваат. На што всушност треба да внимавате:           

- Необјаснета треска                  

- Урина со чуден мирис                   

- Слаб апетит или повраќање           

- Плачливост       

Од витално значење е уринарната инфекција кај бебиња да се третира веднаш, како би се спречила оштетување на бубрезите. За да се спречи инфекција на мочниот меур, валканите пелени треба навремено да се променат. И се разбира, кога менувате пелена, бришете од напред кон назад. 

Уринарни инфекции кај деца

Околу 1% од момчињата и 3% од девојчињата развиваат уринарна инфекција до нивната 11 година. Ова вообичаено се случува кај деца кои често ја одложубваат посетата на тоалетот. По ова, нивните мускули тешко се опуштаат и мошниот меур не се празни целосно и не ги исфрла сите бактерии. Поредовна посета на тоалетот и внесување многу течности може да бидат од помош. Кај мал број деца има структурни проблеми, што го попречуваат протокот на урина или дозволуваат урината да тече назад од мочниот меур кон бубрезите, предизвикувајќи хронични бубрежни инфекции. Ова може да доведе до оштетување на бубрезите. 

Уринарни инфекции или проблеми при одвикнување од пелени  

Грешките се составен дел од процесот на одвикнување од пелени. Дури и децата кои ја стекнале навиката за вршење нужда во нокшир, може да погрешат и да ги намократ гаѓичките. Други деца пак, врескаат и плачат кога се ставени на нокшир, во знам на бунтување против процесот на одвикнување. Ова генерално не се знаци за уринарна инфекција. 

Спречување на уринарни инфекции             

Еве листа на неколку стратегии , кои ќе придонесат да се намали ризикот од инфекција на уринарен тракт:    

- Пијте многу течности               

- Посетете го тоалетот пред и по сексуален однос                   

- Бришете од напред кон позади                 

- Избегнувајте спрејови за женска хигиена      

- Заменете ги долгите бањи со туширање 

Поврзаноста на брусницата со уринарните инфекции             

Можеби мајка ви ви има споменато дека сокот од брусница лечи уринарни инфекции. И не била далеку од вистината. Според некои студии, брусницата може да спречи, но не и да излекува инфекција. Брусницата содржи субстанца што ја спречува бактеријата Ешерихија Коли да се залепи на ѕидот на мочниот меур. Доколку не го сакате вкусот на брусница, може да користите капсули и таблети. Сепак луѓето кои патат од камен во бубрезите, најпрво треба да се обратат на лекар. 

Референци: American Academy of Family Physicians. American Academy of Pediatrics. American Congress of Obstetricians and Gynecologists. American Journal of Epidemiology, October 2004. Cochrane Database. Lynch, D. Am Fam Physician. December 1, 2004. National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Diseases. National Women’s Health Information Center. Nemours Foundation. University of Maryland Medical Center. Urology Institute. Virginia Tech Health Center American Society of Health-System Pharmacists: "Phenazopyridine."
Последна медицинска ревизија - 31.11.2019