Сите сме го почувствувале тоа чувство на подуен стомак. Но ова не секогаш е поврзано со прејадување. Можеби вашето тело задржува премногу течности? Можеби е поради нешто што сте каснале? Или едноставно позади ова се крие некој здравствен проблем?!?

Премногу гасови? Најверојатно не
Повеќето луѓе го поврзуваат чувството на подуеност со гасовите, но всушност поради гасовите, тоа чувство на подуеност е поизразено. Ова е најчесто поврзано со некоја здравствена состојба. Помеѓу причините се и синдромот на нервозни црева (кога нервите поврзани со цревата се премногу активни), ациден рефлукс (што го иритира хранопроводот- цевка помеѓу грлото и стомакот). Разговарајте со вашиот лекар доколку сметате дека често имате гасови.

Сол
Солта му е потребна на нашето тело, но повеќето од нас внесуваат повеќе од потребното. Ова може да доведе до задржување на течности во телото, што пак води кон други посериозни здравствени проблеми како покачен крвен притисок. И не избегнубајте го само соларникот, стојте понастрана од спакувана и брза храна исто така. Проверете го составот на продуктот и видете колку сол содржи. и запомнете- Ако неможете да го вкусите, не значи дека производот не содржи сол.

Премногу јаглехидрати
Јаглехидратите му даваат енергија на организмот. Но премногу јаглехидрати во краток период, предизвикуваат задржување на течности во организмот. Колку побрзо јаглехидратите навлезат во крвта, толку е поголема веројатноста за тоа. Простите јаглехидрати- бел леб, слатки, колачи и безалкохолни појалаци, скоро веднаш навлегуваат во крвотокот. Ова не е случај и со сложените јаглехидрати- цели зрна, овошје и зеленчук, затоа што ним им е потребно подолго време да се преработаат.

Се прејадувате
Вашиот желудник е со големина на тупаница. Може да се прошири и истегне, но тоа прави да се чувтствувате подуено, особено ако јадете солена храна и јаглехидрати. Наш совет е да престанете со јадење пред да почнете да се прејадувате.

Газирани пијалоци
Меурчињата во газираните пијалоци и пивото, шампањот, шприцерот се полни со гасови. Кога ги пиете овие пијалоци, тие го исполнуваат вашиот дигестивен систем. Со ждригање може да се ослободите од дел од нив, но повеќето гасови остануваат во цревата додека не ги испуштите. Поголемиот дел газирани пијалоци се полни со шеќери, што предизвикува задршка на течности во телото и чувство на подуеност.

Јадете пребрзо
Колку побрзо јадете, толку повеќе воздух голтате. И како во случајот со газираните пијалоци, штом воздухот навлезе во цревата се јавува чувството на подуеност. Потребни се околу 20 минути за вашиот стомак да го извести мозокот дека сте сити, па вие може да продолжите со јадење додека не се почувствувате подуено и неудобно пред мозокот да ја добие пораката.

Констипација
Повеќето луѓе имаат нередовна столица што придонесува за подуеноста.Причини за запек се некои видови храна, недоволно внесување течности, ненадејна промена во исхраната или стрес. Вообичаено си поминува само од себе, но вежбање и некои лекови можат да помогнат. Посетете го Вашиот лекар доколку оваа состојба трае подолго од неколку дена.

Млечни производи
Доколку вашето тело има потешкотии при варење на млечниот шеќер- лактоза, производи како млеко и сладолед може да предизвикуваат гасови, болка во стомакот и подуеност. Обично не е ништо сериозно и загрижувачки, но подобро е да избегнувате млечни производи. Некое лекови може да ви помогнат полесно да го сварите. Ова е различно од алергија на млечни производи, кога имунолошкиот систем ги напаѓа како опасни натрапници. Тоа е посериозна ситуација пропратена со осип, повраќање и крвава столица.

Зголемена телесна тежина
Ако сте се поравиле 5 или повеќе килограми во текот на измината година, ова може да предизвика чувство на подуеност, бидејќи целата таа тежина се наталожува околу стомакот. Ова го намалува просторот на желудникот да се шири. Советувајте се со Вашиот лекар како да го изгубите вишокот килограми и помогнете си да се чувствувате полесно.
Фруктоза
Фруктозата е вид на шеќер и на Вашето тело му е потешко да го разгради истиот за разлика од другите видови шеќери. Тоа води до гасови, подуеност и болка. Го има во повеќе видови храна во форма на фруктозен пченичен сируп, а природно се јавува кај некои овошја (особено сушени овошја), како и кај медот, кромидот и лукот. Од голема корист ќе ви биде да водите дневник, во кој ќе забележувате како се чувствувате по конзумирање одреден вид храна и да откирете дали тој тип ви создава тегоби.

На вашето тело му се потребни за да создава клеточни ѕидови, нервно ткиво (како мозокот) и хормони. Но преголема количина може да направи да се чувствувате подуено, бидејќи на организмот му е потешко да ги разложи отколку било кој друг вид храна. Исто така содржат многу калории од што може да качите некој килограм, што пак прави да се чувствувате подуено.

Месечен циклус
Состојбата наречена предменструален синрдом или ПМС, прави некои жени да се чувствуваат уморни, болни и раздразливи недела дена пред циклусот. Исто така може да предизвика задршка на течности, што води кон подуеност. Причината не е јасна, но се чини дека хормоните играат важна улога. Вежбањето може да помогне, а препорачливо е да стоите подалеку од сол, шеќер и прости јаглехидрати.

Ферментирани олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли (ФОДМАП)
Овие јаглехидрати слабо се апсорбираат во тенкото црево и бактериите се хранат со нив. Кај некои луѓе предизвикуваат гасови, задршка на течности, абдоминална болка и подуеност. Ги има во некои овошја, зеленчуци, цели знра и млечни производи. Еве и неколку примери: аспарагус, лук, круши, манго, праски, пченични тестенини и 'ржан леб. Водете сметка каков ефект имаат одредени продукти врз вашето здравје и консултирајте се со лекар или нутриционист дали овие јаглехидрати имаат некаква врска со тоа.

Целијакија
Ова е состојба кога глутенот (протеин содржан во пченица, јачмен, 'рж и друга конзервирана храна), ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево (дел од дигестивниот систем). Може да предизвика дијареа, губење на тежина, болки во пределот на стомакот и гасови, што прави да се чувствувате подуено. Нема лек, но може да ги ублажите симптомите доколку избегнувате храна што содржи глутен.

Кога ова претставува сериозен проблем?
Во повеќето случаи подуеноста поминува сама од себе. Но, ако покрај тоа се чувствувате слаби, губите апетит, имате дијареа, слабеете, имат треска, абдоминална болка или крвава столица, консултирајте се со вашиот лекар. За да го откријат проблемот, можно е да побараат примерок од столицата и рендген снимка од тенкото црево, како и да ви направат тест за интолеранција на лактоза и целијчна болест.

Последна медицинска ревизија:08.05.2019