Swing maxi™ – двојна електрична пумпа за измолзување Бебе & Деца Kiwi.mk
Share:
Deal

Swing maxi™ – двојна електрична пумпа за измолзување

New Swing Maxi™ двојна електрична пумпа за гради е компактна и лесна за употреба со подобрена мобилност за одлично да се вклопи во вашиот животен стил.

17,300 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Пумпи за измолзување, Бебе & Деца, Доење & Акцесоари, Цуцли & Гуми

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Swing Maxi™ – двојна електрична пумпа за гради

Новата Swing Maxi™ двојна електрична пумпа за гради е компактна и лесна за употреба со подобрена мобилност за одлично да се вклопи во вашиот животен стил.

Повеќе млеко за пократко време.

Исто како и претходната пумпа Swing Maxi Flex, новата Swing Maxi е двојна електична пумпа која ви овозможува да измолзете мајчино млеко од двете гради истовремено за да го направите измолзување за двојно побрзо време. Исто така, докажано е дека измолзувањето на двете гради истовремено дава до 18% повеќе млеко.

Технологијата на Двофазното измолзување.

За време на доењето, бебињата започнуваат со брзо цицање за да го стимулираат рефлексот на исфрлање на млекото. Штом млекото ќе почне да тече, бебињата се менуваат во побавен, индивидуален ритам за навистина да се нахранат. Технологијата 2-Phase Expression® на Medela го имитира природниот ритам на цицање на бебето – прва фаза на брзо измозлување за да го стимулира протокот на млеко, а потоа втора побавна фаза за да обезбеди оптимален проток на млеко.

PersonalFit Flex- Инки за гради.

Инката за гради PersonalFit Flex со агол на отворање од 105 степени, мек раб и овална форма за подобро вклопување на секоја града, врши помал притисок врз вашите млечни канали од традиционалните инки за гради, и дава резултати на поефикасно и поудобно искуство на измолзување. Повеќе удобност за вас, до 11,8% повеќе млеко за вашето бебе- клинички докажано. Вклучени се две големини на инки за гради: 21 mm и 24 mm.

Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема достапна струја

Со најсовремениот USB C конектор, вградена батерија се полни многу побрзо во споредба со приклучокот за микро USB, и која трае до шест сесии на измолзување кога е целосно наполнета.

Лесна и без мака.

Swing Maxi има девет однапред програмирани програми кои можете да ги изберете и контролирате со помош на четири копчиња кои се лесни за употреба. Изградена со помалку делови, двојната електрична пумпа за гради Swing Maxi се склопува многу лесно и чистењето и е едноставно.

• Со двојно измолзување добивате до 18% повеќе млеко за пократко време;

Технологијата 2-Phase Expression® го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;

PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко. Вклучени се 2 големини;

Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на измолзување со едно целосно полнење на батеријата;

Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-USB;

Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;

Лесно се склопува и чисти благодарение на само неколку делови;

Многу  потивка во споредба со претходната генерацијана пумпи на Медела, помалку од 45 dB на максималното ниво на вакуум;

Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката;

Види цел асортиман:
[insert page=’medela-carousel’ display=’content’]
Производител: Medela AG
Увозник: Bi-MEK

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.