Share:
Deal
SKU: NOVALA22 Категорија Ознака: Brand:

Novalac AR 0-12 Месеци Млечна Формула, 400г

582 ден

Нема на залиха

НЕМА НА ЗАЛИХА ВО МОМЕНТОТ! Внеси email адреса, ќе те известиме за нова залиха

Опис

Почетната млечна формула Novalac AR е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.

Опширен опис:

Novalac AR млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци, доколку мајките не ги дојат. Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната храна.

Novalac AR е единствена млечна формула која содржи пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната во желудникот, со што се намалува враќањето на храната кај доенчиња. Поради киселата желудочна pH млечната формула Novalac AR се згуснува дури во желудникот, а не во шише, што овозможува непречено хранење на доенчето кога е приготвена млечната формула.
Иако храната се згуснува во желудникот не се успорува варењето, бидејќи пченкарниот скроб содржи 99% лесно сварлив амилопектин. Со употреба на млечната формула Novalac AR се намалува враќањето на храната и изложеноста на кисела желудочна содржина, кои би можеле да ја оштетат слузницата на хранопроводот.
Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчето: збогатена е со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува сите важни аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac AR е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
За кого е наменет Novalac AR?
Доенчиња кои често ја враќаат храната (повеќе пати на ден)
Доенчиња од раѓање до 6 месеци
Yпотреба
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AR:

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac АR.
Една доза растворете во 30 мл вода.
* како дел од разновидната исхрана

Упатство за употреба: Подготовка на Novalac
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.
Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.
Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.
Предупредувања
Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.
Пакување
лименка, 400 г

ВО СКОПЈЕ

Испорака во Скопје правиме истиот ден за нарачките реализирани до 10ч. Во спротивно испорачуваме следниот ден.

Испорака во Скопје чини 45 денари, oсвен ако е наведено декa испораката е бесплатна за конкретниот производ

Јавуваме телефонски пред испорака на врата.

НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Испораката вон Скопје е плус еден ден

Надвор од Скопје испорачуваме преку нашата партнер компанија “ЕЛС ПОШТА”.

Испорака во Скопје чини 100 денари, oсвен ако е наведено декa испораката е бесплатна за конкретниот производ

Напомена: во ретки случаи испораката надвор од Скопје може да биде и до 72 часа од нарачката.

ЕЛС ПОШТА јавува телефонски пред испорака на врата.

Испорака во Скопје правиме истиот ден за нарачките реализирани до 10ч. Во спротивно испорачуваме следниот ден. Испораката вон Скопје е +1 ден. Цена на испорака во Скопје е 45 денари, вон Скопје е 100 денари. Поради мерките за здравствена безбедност што се во сила за заштита на нашите вработени, може да се случи благо доцнење со испораката надвор од Скопје. Благодарни сме за вашето трпение.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.