Philips Zoom DayWhite 6%HP (водород пероксид)

2,950 ден

Чиста, блескаво бела насмевка какo што заслужуваш!

  • Опис
  • Содржина на китот
  • Време на третман
  • Начин на употреба
  • Технологија
  • Поддршка и Фидбек
  • FAQ Најчести прашања
  • ИСПОРАКА & КОНТАКТ

Опис

Блага солуција (гел) 6% водороден пероксид за здрава и бела насмевка за оние кои преферираат пократки дневни сеанси на белење.

1. Два термопластични позиционери за гел, за горна и долна вилица – се обликуваат со помош на топла вода (види инструкции)

2. Три шприца со гел за белење – 3 х 2,4 мл

3. Инструкции за белење

Препорачано времетраење на третманот:

DayWhite 6% HP(водород пероксид):

30 минути, два пати на ден. Oптимални резултати во рок од две недели

NightWhite 16% CP(карбамид пероксид):

преку ноќ или 4-6 часа на ден. Oптимални резултати во рок една недела.

Не постои поефикасен третман на белење!

Три чекори до бели заби

1. Обликувај ги позиционерите према твоите заби – се прави еднаш (види детални инструкции)

2. Постави по една капка гел во секој отисок од заб во позиционерите

3. Постави ги позиционерите на забите

Печатени инструкции следуваат и со производот.

Не постои поефикасен третман на белење!

Philips Zoom home whitening содржи патентирана технологија со аморфен калциум фосфат (ACP) и докажаната ефикасност на калиум нитрат кои природно ги пополнуваат микроскопските дефекти на површината на забите, ја измазнуваат глеѓта и го подобруваат површинскиот сјај на забите.

 

-ја намалува транзиторната чувствителност

-не дозволува да се врати темната боја на обелените заби

-ја зголемува глаткоста и сјајот на забите

Технологијата со аморфен калциум фосфат рапидно преципитира кристали на калциум фосфат на површината но и во денталните тубули при што ја намалува транзиторната чувствителност. Емајлот на забот во најголем дел се состои од калциум фосфатни минерали. Патентираната технологија на аморфен фосфат природно се врзува за забната површина, пополнувајќи ги микроскопските забни дефекти при што ја подобрува глаткоста и сјајот на насмевката. Дополнително, клинички испитувања  укажуваат дека потемнувањето на забите и по 6 месеци по белењето е неприсутно.

Формулата на Philips Zoom DayWhite и NiteWhite е една од најефикасните средства за белење заби на пазарот денес.

-ништо на пазарот досега не бели заби побрзо и подобро

-патентирани шприцеви со двоен клип за ефикасно мешање на гелот

-високо вискозен гел кој овозможува подобар контакт со забите

-одличен вкус на ментол

Професионална поддршка

За професионална поддршка пред и за време на белењето слободно контактирајте ни тука

ФИДБЕК

Сподели ги со нас твоите резултати и искуство со Philips Zoom.

Што е белење на заби?

Процес со кој се осветлува нијансата на забите преку отстанување на дисколорациите во глеѓта и дентинот на забот. Системот се состои од блага солуција (гел) која се поставува во индивидуален позиционер над забите во времетраење пропишано од производителот.

Зошто настанува дисколорација на заби?
Постојат повеќе фактори (надворешни и внатрешни) кои предизвикуваат потемнување на забите до темна жолтеникаво сива боја. Најчести причини се стареење, внесување обоени пијалоци (кафе, чај, кола, тутун), недоволна хигиена, траума, како и стари пломби.

Кој е дополнителен бенефит?
Пациентите често опишуваат зголемена самодоверба, подобрување на оралната хигиена и зголемен интерес за стоматологијата.

Кај кого може да се очекува ефект?
Кај најголем дел од пациентите белењето на забите има одличен ефект. Степенот на белина варира од пациент до пациент, зависно од структурата на забите, како и бројот на апликации и времетраењето на третманот согласно упатството на системот кој се користи.

Дали е безбедно?
Да!

Истражувањата и клиничките студии покажуваат дека избелувањата на заби со карбамид пероксид или водороден пероксид се безбедни за забите и непцата. Всушност, многу стоматолози го сметаат овој процес на белење како најбезбедна козметичка стоматолошка процедура достапна денес.

Кој е механизмот на белење?
Пероксидната солуција ги оксидира и отстранува обоените молекули насобрани во микроскопските празни простори во структурата на забот, додека структурата на забот останува непроменета. Самото оксидирање и отстранување на обоените молекули драматично го осветлува забот. Пероксидната солуција брзо и лесно се распределува по целата површина на забот, така што и да не е целиот заб покриен со гел, целиот ќе се избели. Бројни студии ја докажаа ефикасноста на пероксидите во процедурите за избелување заби.

Колу време трае третманот?
Иако ефект се гледа уште првите денови, максималните резултати се добиваат кога третманот е континуиран од 7 до 14 дена.

Кои се компликации?
Привремена чуствителност на ладно и привремена иритација на непцето се компликации кои можат да се јават кај некои пациенти, но истите се транзиторни. Чуствителноста на ладно е блага и сама се повлекува. Иритацијата на непцето може да настане доколку вишок гел има контакт со непцето. Иритацијата се повлекува сама по себе.

Формулацијата на ACP (amorphus calcium phosphsate) која е дополнителна компонента има задача да ја намали чувствителноста на забите при и после третманот на избелување.

НЕМА СТРУКТУРНИ ИЛИ ФУНКЦИОНАЛНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ НА ЗАБИТЕ.

Колку траат резултатите?
Избелените заби секогаш ќе бидат побели. Препорачано е кај пациенти кои во големи дози конзумираат кафе, чај, црвено вино и тутун, да прават “touch up” сеанси на интервали од 6 до 12 месеци.

Kiwi.mk ги испорачува вашите производи до врата! Уредно и ефикасно без да ви биде вам дополнителна обврска. Испораката во Скопје ја вршиме ние со нашите брзи  доставувачи, додека испораката вон Скопје ја вршиме преку нашата партнер компанија КАРГО Експрес.

Колку чини достава? 

Освен кога е наведено дека доставата е бесплатна за конкретен производ, испораката во Скопје чини 45 денари, додека пак испорака вон Скопје чини 100 денари за Карго експрес.

Кога ќе ја добијам нарачаката?

Во Скопје: испораката се реализира истиот ден, доколку нарачката е направена до 10 часот, и следниот ден доколку нарачката е направена по 10ч.

Надвор од Скопје: нарачките се испорачуваат по карго истиот ден доколку нарачката е направена до 10 часот,  тоа значи дека следниот ден ќе ви биде доставена на врата. Нарачките по 10 ч ги испорачуваме следниот ден по карго. Тоа значи дека ќе ја добиете ден потоа. Не вршиме достава во недела и на државни празници.

Контакт

За прашања кликни на  info@kiwi.mk или на месенџер кликни тука  ТУКА

🙂 одговараме на сите прашања