Што претставува?
Синдромот на полицистични јајници е хормонално нарушување што засега милиони жени. Понекогаш се нарекува Штајн- Левенталов Синдром. На сите им се потребни "машки" и "женски" хормони за нормална функција, но кај жените со овој синдром преовладуваат машките. Ова доведува до проблеми со јајниците. Можно е да имате нередовни или воопшто да немате циклуси, а може да се појават и цисти во "низа бисери". Синдромот на полицистични јајници е честа причина за неплодност. Оваа состојба неможе да се излечи, но може да се третира.

Други симптоми
Овој синдром може да ве направи склони кон дебелеење, особено во пределот на половината, а тешко ќе ви биде да се ослободите од вишокот килограми. Можно е да се појават несакани влакненца, а косата да почне да се проретчува. Акните и темните флеки на кожата се уште еден проблем. Можни симптоми се и болка во карлицата и депресија.

Причини
Лекарите не знаат со сигурност зошто се јавува болеста, но некои истражувачи сметаат дека основата на болеста лежи во високото ниво на инсулин. Поголеми се шансите да ја развиете болеста доколку имате прекумерна тежина. И гените се во игра исто така. Ако вашата мајка или сестра имаат синдром на полицистични јајници, најверојатно ќе имате и вие. Кај повеќето жени дијагнозата се поставува во нивните 20ти или 30ти. Но, дури и девојчиња на 11 годишна возраст, кои сеуште немаат добиено менструален циклус, може да имаат синдром на полицистични јајници.
Дијагноза
За да бидете диајгностицирани, би требало да имате барем два од следниве симптоми: ретки и нередовни циклуси, високо ниво на одредени хормони и повеќе од 12 цисти. Пронајдете лекар специјалист за оваа област. Лекарот ќе ве праша за семејната историја со болеста, ќе ве прегледа и ќе ви ги провери јајниците и ќе ви земат примерок од крв. Но, најпрво би требало да се елиминираат други проблеми, како на пример проблем со тироидната жлезда.

Третман
Може да земате лекови кои ќе ви ги ублажат симптомите. Вашиот лекар може да препорача таблети за контрацепцијаза да го регулирате циклусот или повремено и друг хормон да го поттикне менструалниот циклус. Лекот за дијабетес- метформин, може да го намали нивото на "машки хормони". На ист начин делува и лекот спиронолактон (алдактон). Медицински креми и ласерски третмани може да ви помогнат да се ослободите од несаканите влакненца.

Природни третмани
Слабеењето е најдоброто нешто што можете да го сторите - ќе го нормализирате циклусот, а ќе го намали растот на влакната и депресијата. Внимавајте на исхраната. Обрнете внимание како одредена храна влијае на нивото на шеќер и инсулин во крвта, како што би правеле ако сте дијабетичари. Вежбајте, и тоа вежби од кои ќе ви залупа срцето. Кревањето тегови ќе ви помогне да ги контролирате тежината стресот и чувствата. Ако сте пушач, оставете ги цигарите.

Третман за неплодност
Според едно мало истражување на жени со оваа состојба, повеќето од нив кои симнале 5% од нивната телесна тежина успеале да забременат или го регулирале циклусот. За лекување на неплодност предизвикан од синромот на полицистични јајници, најчесто се користи лекот кломифен, кој предизвикува ослободување на зрели јајце клетки. Вашиот лекар може да предложи и други лекови или ин витро оплодување.

Бременост
Вашиот лекар ќе ја следи бременоста и треба да ги препознае знаците за гестациски дијабетес, висок крвен притисок или предвремено породување. Според едно ново истражување, лекот за дијабетес (метформин), помага да се спречат проблеми поврзани со бременоста. Бебињата родени од мајки со синдром на полицистични јајници може да поминат подолго време на интензивна нега.

Други ризици по здравјето
Кога имате синдром на полицистични јајници, треба да правите редовни контроли кај вашиот лекар. Можно е да имате проблеми од типот:
- Висок холестерол, што може да доведе до срцеви заболувања, висок крвен притисок и срцев удар
- Инсулинска резистенција, метаболичен синдром и дијабетес тип 2
- Прекумерна тежина
- Ноќна апнеја
- Нарушувања на расположението, како депресија и биполарно растројство
- Рак на ендометриумот, посебно ако сте во години
Последна медицинска ревизија:25.11.2019