Недостаток на витамин Б12

ЗАМОР

Заморот е најчест симптом кај лицата со ниско ниво на витаминот Б12. Но заморот сам по себе може да е знак и на било која друга здравстена состојба- или само не сте доволно наспани! Други знаци за недостаток на витаминот Б12 се збунетост, когнитивно нарушување, нестабилен од, вкочанетост и пецкање.

Што доведува до недостаток на Б12

Недостаток на витаминот Б12 се јавува и во случаи кога преку исхраната не внесувате доволно хранливи материи, кога телото не ги апсорбира правилно хранливите материи или кога имате некои други нарушувања на дигестивниот систем.

Нашето тело се снабдува со доволно количини на витамин Б12 преку исхраната и конзумирање на продукти од животинско потекло, па оттука веганите се изложени на ризик од недостаток на истиот. Кроновата и целијачната болест, операции за намалување на тежина и хроничниот алкохолизам, ја попречуваат способноста на телото да ги апсорбира хранливите материи што му се потребни. Исто така, постарите имаат повеќе проблеми со апсорпција и неухранетост.

Ефект од недостаток на Б12

Витаминот Б12 е важен нутриент кој му помага на телото да создава здрави црвени крвни клетки. Ако имате хроничен недостаток на Б12, вашето тело не е во состојба да ја создаде потребаната количина на црвени крвни клетки, а тоа води до анемија.

Алармантен недостаток на Б12

Повеќето луѓе со недостаток на витаминот Б12 имаат благи проблеми. Но, во некои случаи овој недостаток може да има сериозни последици. Може да се јават ментални проблеми, вклучително и конфузни мисли, губење на помнењето и деменција. Ниското ниво на Б12 може да предизвика и оштетување на нервите, анемија и слабеење на коските.

Извор на Б12

Продуктите од животинско потекло како месо, живина и морски плодови, и млечните производи- млеко, јогурт и сирење, се најдобар извор на витамин Б12. Медот, овошјето и зеленчукот не се извор на Б12, што е причина зошто веганите може да имаат недостаток на витаминот. Ако сте веган, наш совет е за појадок да јадете житарки збогатени со витамин Б12. Можете и да земате суплименти Б12, кои исто така се препорачуваат и на бремени жени и доилки кои се вегани, па дури и строги вегетаријанци. Понекогаш недостатокот на витаминот Б12 не е поврзан со начинот на исхрана. Ако вашето тело не е во состајба правилно да го апсорбира Б12, побарајте помош од вашиот лекар за тоа како да го зголемите Б12 на безбедно ниво.

Детекција на недостаток на Б12

Вашиот лекар, преку симптомите кои ги имате, може да дојде до заклучок дека имате ниско ниво на витамин Б12, но сепак потребно е да се направи анализа на крвта за да се потврди истото. Некои луѓе можат многу лесно да го зголемат нивото на Б12 со едноставно менување на исхраната, додека кај други е потребна лекарска помош.

Интеракции со лекови

Сите овие лекови може да ја намалат способноста на вашето тело да го разградат витаминот Б12 внесен преку храната:

  • некои антибиотици
  • некои антидијабетици
  • антациди
  • некои антиепилептици

Суплементација на Б12

За некои, земањето суплименти или внесувањето на повеќе продукти од животинско потекло (или пак комбинација од двете), може да помогне во искачување на Б12 на потребното ниво. Но други луѓе имаат сериозен недостаток на витаминот или пак имаат некоја друга здравствена состојба што предизвикува пад на нивото на Б12. Недостатокот на Б12 може да се третира на повеќе начини. Ако симптомите ви се благи или умерени може да почнете со орален додаток Б12, кој се зема еднаш дневно; назален спреј Б12, кој се зема неделно или инјекции со витамин Б12 кои се користат поретко.

 

 
еференци: National Heart, Lung and Blood Institute: "What Are the Signs and Symptoms of Pernicious Anemia?" Medline Plus: "Anemia - B12 Deficiency." Oh, R. American Family Physician , March 1, 2003; vol 67(5): pp 979-986. National Heart, Lung and Blood Institute: "What Is Pernicious Anemia?" Epocrates Online: "Vitamin B12 Deficiency." National Institutes of Health Office of Dietary Supplements: "Dietary Supplement Fact Sheet: Vitamin B12." USDA National Nutrient Database for Standard Reference: "Honey." National Heart Lung and Blood Institute: "Who is at Risk for Pernicious Anemia?"
Последна медицинска ревизија - 26.11.2020