Природни начини да го забрзате метаболизмот

Многу диети тврдат дека помагаат во „забрзувањето“ на метаболизмот - но дали навистина може да направите нешто за да му помогнете на вашето тело да согорува калории побрзо?

За да одговорите на ова прашање, од помош е да разберете малку за тоа како работи вашиот метаболизам. Метаболичкиот процес вклучува комплексен систем на хормони и ензими кои не само што ја претвораат храната во гориво, туку влијаат и на тоа колку ефикасно го согорувате горивото. На тоа колку брзо согорувате калории, влијае вашата возраст (метаболизмот природно забавува околу 5% на декада по 40-тата година); вашиот пол (мажите генерално согоруваат повеќе калории  отколку жените); и процент на чиста телесна маса (колку повеќе мускул имате, толку е поголема метаболичката стапка). И кога станува збор за изреката „животот не е секогаш фер“: да, генетиката прави разлика, така што некои од нас по природа имаат побрз метаболизам од останатите.

Добрата вест е дури и ако не сте родени со „слаби гени“, постојат работи што можете да ги направите за да ја зголемите способноста на вашето тело да согорува калории побрзо. Број еден што можете да направите за да го забрзате метаболизмот е: вежбање. Вежбањето ги развива мускулуте. Мускулите го забрзуваат метаболизмот. Бидејќи телото работи поефикасно, побрзо ја обработува храната. Специфичните режими на вежбање, како што е наизменичното вежбање со висок интензитет (ХИИТ), се посебно ефективни.

И покрај тоа што нема магичен куршум кога станува збор за метаболизмот, постојат неколку стратегии, и покрај вежбањето, што се докажани во научни студии дека можат да помогнат.

Додадете зачин: Истражувањата покажуваат дека капсаицинот, биоактивно соединение што ги прави црвените пиперки лути, може да го зголеми метаболизмот, истовремено помагајќи да се чувствувате сити. Истражувањата откриле дека јадењето 10 грама црвена пиперка (еднакво на 30 мг капсаицин) резултирало со 25% забрзување на метаболизмот веднаш по неговото јадење. Лут сос, лута пиперка, ѓумбир, каранфилче, кајан, коријандер, ловоров лист и сенф можат да влијаат на брзината на метаболизмот.

Кофеин: Кафе, чај или други пијалоци со кофеин (но ниски или без калории) исто така може да помогнат во побрзо согорување на калориите. Всушност, кофеинот може да го забрза метаболизмот до три часа по консумацијата. Но, не претерувајте со кофеинот ако ви предизвикува вознемиреност или ви влијае на сонот. За повеќето луѓе, 3-4 чаши дневно се толерираат добро.

Хидратација: Утврдено е дека дури и лесната дехидратација го забавува метаболизмот за 2%, така што редовна хидратација е лесен начин да го забрзате метаболизмот. Истражувачите од Универзитетот во Јута, кои го следеле метаболизмот кај возрасните додека пиеле различни количини вода дневно, откриле дека оние кои пиеле осум или дванаесет чаши вода со вода на ден имале побрз метаболизам од оние кои пиеле четири.

Јадете почесто: Стратегијата тука не е „јадете повеќе“, туку само почесто. Малите, чести оброци помагаат во одржување на метаболизмот во голема брзина, а тоа значи дека ќе потрошите повеќе калории "на крајот на денот". Кога оставате многу време помеѓу оброците, метаболизмот всушност се забавува за да компензира. Ако тогаш јадете огромен оброк - а во исто време вашиот метаболизам функционира како да гладувате - телото ќе сака да се држи до секоја калорија. Иако ова нема да направи голема разлика ако ви се случува од време на време, може да стане потешко слабеењето или одржувањето на здравата телесна тежина ако често прескокнувате оброци.