КОВИД-19 Вакцина: Како да се подготвиме

Како што расте бројот на вакцинации ширум светот, така расте и бројот на совети за како да се подготви телото за силен имунолошки одговор и минимална реакција. Меѓу советите кои циркулираат на интернет, вклучително некои со малку или вооопшто без научна потркепа, се препораки за премедикација со терапија против алергии, препарати против болка, да се избегнува алкохолот ден пред, и други.

Но што вели науката по однос на овие тврдења:

Општо земено, не постои ништо конкретно што треба да се прави пред ковид-19 вакцина, велат стручните лица. Оние со сериозни алергиски реакции треба да ги известат здравствените лица навреме, со цел да се подготватат за било каква евентуалност.

Што се однесува до останатаите тврдења:

Зголемување на дозата на медикацијата против алергии - иако алергиски реакции, некои сериозни, се пријавени како реакции на вакцината на Фајзер и Модерна, постојат луѓе кои имаат интенција за премедикација со антихистаминици или други препарати за алергии, но тоа НЕ Е ДОБРА ИДЕЈА, велат експертите. Оние кои се на редовна терапија за алергии, не треба да ја прекинат. Но за останатите, не постојат конкретни препораки за премедикација со антихистаминици или други препарати за алергии.

Препарати за болка, едни гласини се да се земаат пред вакцина за да се избегне болката од вакцинацијата, други гласини се да не се земаат за да не го попречат имунолошкиот одговор - не постојат научни податоци за да се потврди ова. Но, нестероидните антиинфламаторни лекови (како ибупрофен и напроксен) можат да преципитираат алергиска реакција кај некои. Но се додека немаме сознанија дали тие можат да влијаат врз алегриска реакција кај ковид вакцините, препораката од експертите е да не се земаат два часа пред и по вакцинацијата, освен ако поинаку сте инструирани од вашиот лекар.

Не пиј алкохол пред вакцината - во некои случаи алкохолот може да ја забрза алергиската реакција. Но, сеуште не знаеме како алкохолот може да влијае врз алергиската реакција од ковид вакцината, сепак препорака е да не се конзумира алкохол 24 часа пред и по вакцинацијата.

Интензивна физичка активност пред вакцината - се додека немаме цврсти докази за ова прашање, експертите препорачуваат да избегнуваме интензивна физичка активност два часа пред и по вакцината. Избегнувајте и врели тушеви пред и по вакцината, затоа што врели тушеви и интензивна физичка активност може да иницира алергиска реакција кај некои.

Подготовка на имунолошкиот систем пред вакцина - постојат компании кои промовираат препарати со микс од витамини Ц, А и Д3, цинк, селен, аминокиселини, и пробиотици како начин да се постигне поквалитетен имунолошки одговор од вакцината. Овие тврдења не се базирани на научни докази поврзани со ковид вакцината, туку со други, како вакцина за грип и сл. Но експертите се скептични и тврдат дека сеуште не постои солиден научен доказ дека земање витамини, минерали и пробиотици пред вакцината ќе превенира алегиска реакција или ќе го интензивира имунолошкиот одговор.

Наспиј се добро пред вакцината - експертите се согласни дека ова е најдобриот совет досега, заедно со одмор на денот и следниот ден по вакцината. Постои спектар на реакции, меѓу кои и покачена температура која сама по себе е добра реакција која укажува дека имунолошкиот систем реагира на вакцината. Добар сон и одмор по вакцината е особено важен по втората доза по која се јавуваат повеќе реакции како болка, треска и малку покачена температура.

CDC: “Interim Clinical Considerations for Use of mRNA COVID-19 Vaccines Currently Authorized in the United States.” Blanka Kaplan, MD, adult and pediatric allergy and immunology specialist, Northwell Health, Great Neck, NY. Aaron E. Glatt, MD, chief, infectious diseases and hospital epidemiologist, Mount Sinai South Nassau; professor of medicine, Icahn School of Medicine at Mount Sinai, Oceanside, NY. Tara Vijayan, MD, infectious disease specialist and assistant professor of medicine, UCLA David Geffen School of Medicine. Martin Floreani, president and CEO, Dentovations, Boston. The Journal of the American Medical Association: “Allergic Reactions Including Anaphylaxis After Receipt of the First Dose of Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine.” Prostate: “Effect of 25-hydroxyvitamin D status on serological response to influenza vaccine in prostate cancer patients.” Viruses: “Baseline Serum Vitamin A and D Levels Determine Benefit of Oral Vitamin A&D Supplements to Humoral Immune Responses Following Pediatric Influenza Vaccination.”