КОВИД-19 Општествена безбедност

Здравјето и безбедноста на нашето општество е секогаш на врвот на приоритетите на кiwi.mk. Нашата платформа овозможува илјадници граѓани да го купат тоа што им треба. За време на актуелната пандемија секој од нас има улога при спречување на вирусот  од понатамошно ширење.

Ситуацијата продолжува да се менува секојдневно и населението е сеуште под висок ризик од зараза. Како резултат на ова здравствените власти упатуваат апел до граѓаните да избегнуваат групни собири и социјални контакти и да одржуваат физичко дистанцирање кое е докажано како еден од најефективните начин да се редуцира ширење на вирусот.

Така и нашата платформа kiwi.mk не е исклучок.

Ги замолуваме сите наши корисници да останат во своите домови, надвор да останат безбедни, да се грижат за своето здравје и да ја исполнат својата должност во промовирање на јавното здравје.

Остварување на контакти само ако се итни

 Ние сме горди на kiwi.mk чија улога е секогаш да ги зближува и опслужува купувачите. Сепак нашата заедничка работа е да превенираме ширење на КОВИД-19 а со тоа ние го поддржуваме актуелниот став на Министерството за здравство и ги замолуваме граѓаните да практикуваат социјална дистанца.

Ве молиме разгледајте ја можноста за употреба на нашата платформа да направите онлајн нарачка односно да се поврзете на начин кој не бара лично плаќање.

Одржување на итни средби

Доколку постои потреба од итни средби секогаш одржувајте најмалку 2 метри растојание и користете маска или марама преку устата и носот.

И како најважно, доколку се чувстувате болни или некој во вашето домаќинство е болен останете дома и контактирајте го вашиот матичен лекар. Следете ги препораките на Министерството за здравство.