Добри бактерии
Во вашето тело има многу бактерии. Всушност, има многу повеќе бактерии отколку клетки. Повеќето бактерии се добри за организмот. Оние во цревата не само што помагаат во варењето на храната, туку делуваат по цело тело и се добри за вашето физичко и ментално здравје.

Цревни микробиоми
Ова е домашна база за бактериите во дигестивниот тракт. Тука, тие помагаат храната да се разгради и ги претвораат нутриентите во нешта што вашето тело може да ги користи. Престануваат да растат кога ќе останат без храна, па вие го имате само она што ви е потребно.

Борба на добрите бактерии
Во цревната микрофлора, добрите бактерии не само што го помагаат варењето туку прават многу повеќе. Тие исто така ги контролираат и лошите бактерии. Се разможуваат толку често што не им оставаат простор за развој на противниците. КОга постои добар баланс на бактериите во цревната флора, тоа се нарекува рамнотежа.

Нездрава рамнотежа
Истражувањата покажуваат дека доколку имате премногу од еден вид лоши бактерии во цревната микрофлора, поголеми се шансите да имате: Кронова болест, улцерозен колитис или синдром на нервозни црева. Истражувачите разгледуваат нови третмани за овие болести и состојби, кои ги таргетираат бактериите во цревната микрофлора.

Цревните бактерии и срцето
Некои од цревните бактерии може да се составен дел од врската што холестеролот ја има со срцевите заболувања. Кога конзумирате храна од типот црвено месо или јајца, овие бактерии создаваат хемикалија која црниот дроб ја претвора во нешто наречено ТМАО (триметиламин-Н-оксид). ТМАО му помага на холестеролот да се наталожи во крвните садови. Истражувачите проучуваат една природна супстанца-ДМБ, што е содржана во маслиновото и маслото од семе од грозје. Сметаат дека оваа супстанца може да ги спречи бактериите да создаваат ТМАО.

Цревните бактерии и бубрезите
Премногу ТМАО може да доведе и до хронични бубрежни заболувања. Луѓето што веќе ја имаат болеста, не се ослободуваат од ТМАО на начинот на кој што би требало. Овој вишок води и до срцеви заболувања. Истражувачите сметаат дека всушност големото количество на ТМАО е тоа што ве прави поподложни на хронични бубрежни болести.

Цревните бактерии и мозокот
Човечкиот мозок испраќа пораки до цело тело. А според истражувачите цревата одговараат на истите. Некои студии покажуваат дека балансот на бактериите во цревната микрофлора може да влијае врз емоциите и начинот на кој мозокот ги процесира информациите од сетилата. Научниците се сомневаат дека промените во оваа рамнотежа имаат важна улога во состојби како аутизам, анксиозност и депресија, дури и хронични болки.

Цревните бактерии и дебелината
Нездравата рамнотежа на бактерии во цревната микрофлора, може да е причина зошто мозокот ви испраќа погрешни сигнали кога станува збор за чувството на глад или ситост. Истражувачите сметаат дека ова е поврзано со хипофизата, која создрава хормони што го сетираат вашиот апетит. Оваа жлезда може исто така и да влијае на балансот на бактериите во цревата. Оние што се занимаваат со третирање на дебелината, подетално ја истражуваат оваа врска.

Може ли да се променат цревните бактерии???
Цревната микрофлора си ја добиваме при раѓање, а како што растеме се околу нас може да влијае врз истата. Па и храната што ја конзумираме. Затоа таа може да се разликува во зависност од местото на живеење. A поради истите причини може и малку да го промените балансот.

Пробиотици
Содржани во некои намирници, ова се добри бактерии, како и оние во цревата. Tие се здружуваат со бактериите во интестиналниот тракт и помагаат да се одржи балансот . Но, не се сите исти. Секој вид на пробиотик си работи на свој сопствен начин и има различен ефект врз организмот.

Како пробиотиците можат да помогнат?
Тие го зајакнуваат имуниот систем. Исто така може да го зајакнат и здравјето на гастроинтестиналниот тракт, особено ако имате нешто како синдром на нервозни црева. Некои пробиотици може да олеснат некои алергиски симптоми и да помогнат при интолеранција на лактоза. Но поради фактот што секоја цревна микрофлора е уникатна, прашање е дали и како пробиотиците би функционирале за поединци. Според некои експерти, потребни се дополнителни испитувања.

Извори на пробиотици
Ги има во млечните производи како јогурт и сирење. На листата со состојки побарајте ги живите бактериски култури како бифидобактерии и лактобацили. Ги има и во ферментираниот и кисел зеленчук како кимчи, кисела зелка и корнишони.

Пребиотици
Гледајте на нив како извор на храна за пробиотиците. Пребиотиците овозможуваат подобра апсорпција на калциум и го зголемуваат развојот на корисните бактерии во цревата. Ги има во повеќето овошја и зеленчук како: банана, кромид, лук, праз, аспарагус, артичока, соја. Составен дел се и од храната со интегрална пченица.

Симбиотици
Пробиотиците го потпомагаат развојот на корисните бактерии, а пребиотиците се добри за пробиотиците. Кога ги комбинирате двете, добивате симбиотик. Идејата е да се помогне пробиотиците да опстојат подолго. Може да направите симбиотски комбинации со продукти како банана и јогурт или аспарагус и темпе.

Други начини да се променат цревните бактерии
Постојат и други начини да се промени цревната микрофлора и да се третираат состојби поврзани со бактериската рамнотежа. На пример, фекалната трансплантација (баш како што звучи), ја менува цревната микрофлора и помага во третман на Ц дифли и улцерозен колититс. Постои уред наречен ДТМС (длабока транскранијална магнетна стимулација), кој користи калем што се става на скалпот и го стимулира мозок и промената на цревните бактерии. Ова влева надеж во третирањето на дебелината.
Последна медицинска ревизија:19.12.2019
Извори: