Јавни “хот спотс” за микроби

Екрани на допир

Иако не е некое големо изненадување дека се полни со микроби (на крајот на краиштата тоа се екрани на допир), едно истражување открило некои вознемирувачки видови на микроби на нив. Тестирани се екрани во осум ресторани за брза храна и на нив се најдени фекални бактерии што предизвикуваат инфекции кои може да  ги закачите во болница (Enterococcus faecalis), како и страфилокока, што може да доведе до труење на крвта. Па можеби од сега е подобро да чекате во редот и да нарачувате од шалтер.   

Сушачи за раце

Секој пат кога пуштате вода по користење на тоалетот, капки полни со бактерии се распрскуваат низ воздухот во бањата. Но знаете ли каде заршуваат сите овие микроби? Можеби во старомодниот сушач за раце закачен на ѕидот. Едно ново истражување вели дека со секоја употреба, тој распрскува микроби во воздухот. Но, што со оние фенси џет сушачи? Една група истражувачи тврди дека и тие исто така распрскуваат микроби низ воздухот со огромна брзина. Нивните производители, од друга страна, тврдат дека тие се опремени со посебни филтри за да го спречат ова. Да се обложиме дека старите добри хартиени крпи се најбезбедно решение?!

Базени

Сте знаеле ли дека еден воден парк полн со деца има околу 10 килограми фекалии што лебдат наоколу? Задникот на младите може да е носител на дури 10 грама остатоци од измет. И не дека добро се измиваат пред да скокнат во базенот, па сиот тој измет се плакне таму, а хлорот и не убива баш се. Најдобар начин за заштита?? Пробајте да не проголтате од таа вода.

Теретани

Доколку во вашата теретана постои опција за чистење на опремата пред употреба, направете го тоа! Иако одите таму за да останете здрави и во добра форма, местото е рај за широк спектар на микроби. Тоа е бидејќи бактериите од нашата кожа се пренесуваат на се што допираме. Една студија покажала дека теговите и рачките на справите за вежбање се дом на  видови на бактерии карактеристични за тоалетите.

Менијата во ресторани

Некои од нив имаат и 100 пати повеќе бактерии отколку една WC шолја. Иако куп луѓе го допираат во текот на денот, менито се брише еднаш на ден (во најдобар случај!) и тоа со валкана крпа. Па најдобро е да ги миете рацете откако ќе нарачате, а не пред да седнете. И никогаш не оставајте го приборот за јадење на менито!

Коктел овошје

Следниот пат кога ќе посакаш да исцедиш малку лимон во твојата вода, размисли уште еднаш! Истражувачи анализирале десетици парчиња овошје од рабовите на чашите во рестораните. Откриле дека дури 70% од парчињата лимон содржат микроби што предизвикуваат болести (вклучително Е. Коли), како и фекалии што може да доведат до непријатни стомачни проблеми. Следниот пат испиј си го ледениот чај без лимон!

Јавни чешми

Колку пати сте се напиле вода директно од чешмата во училиштето на вашето дете? Се надевам ќе престанете да го правите тоа откако ќе го прочитате текстов. Чешмата може да е повалкана дури и од самиот тоалет! Причина? Тоалетите се чистат редовно, а кога сте виделе некој да чисти чешма поставена на јавно место?! Најдобро е секогаш при рака да имате шише вода.

Диспанзери за сапун

Ваквите сапунести пумпи се плодна почва за бактерии. Замислете си само што се може да допрат вашите раце од кабината во тоалетот до мијалникот. Тријте најмалку 20 секунди или ностете средство за дезинфекција на раце. И пред да посегнете по кваката, размислете колку луѓе не ги мијат рацете по користење на тоалетот. Според Центарот за Заразни Болести само 31% од машката и 65% од женската популација го прават тоа.

Колички за пазарење

Сте знаеле ли дека по секое одење во продавница, покрај векната леб со себе носите и други работи? И тоа БЕСПЛАТНО??? На рачката од количката за пазарење може да се најдат 11 милиони видови микроорганизми, меѓу кои и некои од сирово месо. И не дека сакаме да ве згрозиме, но помислете си колку валкани пелени се нашле на седиштето од количката- истото место каде ги сместувате производите. БЉАК! Во повеќето продавници може да најдете антибактериски марамици. Користете ги!!!

Копчињата во лифтот

Ако се потресувате пред да допрете квака на врата, пазете се и од копчињата во лифтовите! Притиснете ги со лактот, одете пешки по скалите или носете средство за дезинфекција со себе.

Хотелски соби

Колку е само прекрасно кога во вашата хотелска соба ќе најдете екстра нане на перницата... Но колку ли други екстра работи нудат овие хотелски соби? Далечинскиот управувач е највалканиот предмет. Пред да почнете да сурфате по каналите, одвојте некоја секунда да го избришете. Други извори на бактерии: прекинувачот за светло покрај креветот, постелнината, фенот за коса, телефонот и неспакуваните чаши.

Игралишта

Тие валкани мали рачиња допираат се едно подруго, од лизгалки до нишалки. Но игралиштата се чистат мнооогу ретко.  Најлошо место е песокот, со 36 пати повеќе бактерии од послужавник во кафетерија. Бактериите обожуваат топли и влажни места, па песокот е идеален за нив. Следниот пат појдете на игралиште со вашето дете наоружани со средства за дезинфекција и марамчиња за раце.

Банкомати

Тастатурите, готовината и вратата во банката за клиентите се подеднакво одвратни. Всушност, вирусот на грип може да преживее на банкнота и до 17 дена!А сепак никој не користи ракавици или хартиени марамчиња при ракување со пари. Што се однесува до банкоматите, компаниите се надеваат дека наскоро ќе се појават нови со антимикробно стакло за борба против настинка и грип. А дотогаш најдобро е да користите пенкало кога ги притискате копчињата.

London Metropolitan University: “Tests find traces of faeces on popular restaurant touchscreens.” American Journal of Infection Control: “Lifting the lid on toilet plume aerosol: A literature review with suggestions for future research.” Applied and Environmental Microbiology: “Deposition of Bacteria and Bacterial Spores by Bathroom Hot Air Hand Dryers.” News release, University of Westminster. News release, Royal Society for Public Health. Mayo Clinic Proceedings: “The Hygienic Efficacy of Different Hand-Drying Methods: A Review of the Evidence.” CDC: "CDC study finds fecal contamination in pools," "Handwashing: A Family Activity." Michele Hlavsa, CDC. Microbiome: “Athletic equipment microbiota are shaped by interactions with human skin.” ConsumerReports.org: "Protect your child from playground germs," "Germiest items in your hotel room include TV remote." Forensic Science Technician: "50 Germiest Places in the World." Gerba, C. International Journal of Environmental Health Research, Jan. 22, 2007. Gerba, C. Journal of Environmental Health, March 2011. Gerba, C. Food Protection Trends, December 2012. Charles P. Gerba, PhD, professor, department of Soil, Water, and Environmental Science, University of Arizona. Loving, A. Journal of Environmental Health, December 2007. Microbe World: "Microbial Analysis of Environmental Surfaces in Hotel Rooms." Ministry Health Care: "Getting the Dirt on Germs." NSF International: "Germiest Locations In Public Places," "Germiest Places at Schools." University of Arizona News: "Where do germs lurk? New survey shows most Americans don't know." Diebold: “Diebold, Corning Pioneer World’s First Antimicrobial ATM Touch Screen.” Yves, T. American and Environmental Microbiology, May 2008
Последна медицинска ревизија - 29.03.2019