Содржина на китот:

1. Два термопластични позиционери за гел, за горна и долна вилица - се обликуваат со помош на топла вода (види инструкции)

2. Три шприца со гел за белење - 3 х 2,4 мл

3. Инструкции за белење

 
 

Препорачано времетраење на третманот:

DayWhite 6% HP(водород пероксид):

30 минути, два пати на ден. Oптимални резултати во рок од две недели 

NightWhite 16% CP(карбамид пероксид):

преку ноќ или 4-6 часа на ден. Oптимални резултати во рок една недела.

Не постои поефикасен третман на белење!

  Три чекори до бели заби

1. Обликувај ги позиционерите према твоите заби - се прави еднаш (види детални инструкции)

2. Постави по една капка гел во секој отисок од заб во позиционерите

3. Постави ги позиционерите на забите

Превземи детални инструкции во PDF. Печатени инструкции следуваат и со производот.

 

Не постои поефикасен третман на белење!

Philips Zoom home whitening содржи патентирана технологија со аморфен калциум фосфат (ACP) и докажаната ефикасност на калиум нитрат кои природно ги пополнуваат микроскопските дефекти на површината на забите, ја измазнуваат глеѓта и го подобруваат површинскиот сјај на забите.

 

-ја намалува транзиторната чувствителност

-не дозволува да се врати темната боја на обелените заби

-ја зголемува глаткоста и сјајот на забите

Технологијата со аморфен калциум фосфат рапидно преципитира кристали на калциум фосфат на површината но и во денталните тубули при што ја намалува транзиторната чувствителност. Емајлот на забот во најголем дел се состои од калциум фосфатни минерали. Патентираната технологија на аморфен фосфат природно се врзува за забната површина, пополнувајќи ги микроскопските забни дефекти при што ја подобрува глаткоста и сјајот на насмевката. Дополнително, клинички испитувања  укажуваат дека потемнувањето на забите и по 6 месеци по белењето е неприсутно.

Формулата на Philips Zoom DayWhite и NiteWhite е една од најефикасните средства за белење заби на пазарот денес.

-ништо на пазарот досега не бели заби побрзо и подобро

-патентирани шприцеви со двоен клип за ефикасно мешање на гелот

-високо вискозен гел кој овозможува подобар контакт со забите

-одличен вкус на ментол

  Професионална поддршка

За професионална поддршка пред и за време на белењето слободно контактирајте ни тука

ФИДБЕК

Сподели ги со нас твоите резултати и искуство со Philips Zoom. Важно ни е ... Сподели тука

 

Превземи детални инструкции во PDF. Печатени инструкции следуваат и со производот.

  Испорака во Скопје

Испорака во Скопје вршиме следниот ден по нарачката. Испорака во Скопје чини 45 денари *. Јавуваме телефонски пред испорака на врата.

* освен ако е наведено декa испораката е бесплатна за конкретниот производ.

Испорака вон Скопје

Надвор од Скопје испорачуваме преку нашата партнер компанија “КАРГО ЕКСПРЕС”.

Испораката надвор од Скопје чини 100 денари. Испораката е помеѓу 24 и 48 часа. Службата “Карго Експрес” јавува телефонски пред испорака на врата.

 
 

Процес со кој се осветлува нијансата на забите преку отстанување на дисколорациите во глеѓта и дентинот на забот. Системот се состои од блага солуција (гел) која се поставува во индивидуален позиционер над забите во времетраење пропишано од производителот.

 

Постојат повеќе фактори (надворешни и внатрешни) кои предизвикуваат потемнување на забите до темна жолтеникаво сива боја. Најчести причини се стареење, внесување обоени пијалоци (кафе, чај, кола, тутун), недоволна хигиена, траума, како и стари пломби.

 

Пациентите често опишуваат зголемена самодоверба, подобрување на оралната хигиена и зголемен интерес за стоматологијата.

 

Кај најголем дел од пациентите белењето на забите има одличен ефект. Степенот на белина варира од пациент до пациент, зависно од структурата на забите, како и бројот на апликации и времетраењето на третманот согласно упатството на системот кој се користи.

 

Да!

Истражувањата и клиничките студии покажуваат дека избелувањата на заби со карбамид пероксид или водороден пероксид се безбедни за забите и непцата. Всушност, многу стоматолози го сметаат овој процес на белење како најбезбедна козметичка стоматолошка процедура достапна денес.

 

Пероксидната солуција ги оксидира и отстранува обоените молекули насобрани во микроскопските празни простори во структурата на забот, додека структурата на забот останува непроменета. Самото оксидирање и отстранување на обоените молекули драматично го осветлува забот. Пероксидната солуција брзо и лесно се распределува по целата површина на забот, така што и да не е целиот заб покриен со гел, целиот ќе се избели. Бројни студии ја докажаа ефикасноста на пероксидите во процедурите за избелување заби.

 

Иако ефект се гледа уште првите денови, максималните резултати се добиваат кога третманот е континуиран од 7 до 14 дена.

 

Привремена чуствителност на ладно и привремена иритација на непцето се компликации кои можат да се јават кај некои пациенти, но истите се транзиторни. Чуствителноста на ладно е блага и сама се повлекува. Иритацијата на непцето може да настане доколку вишок гел има контакт со непцето. Иритацијата се повлекува сама по себе.

Формулацијата на ACP (amorphus calcium phosphsate) која е дополнителна компонента има задача да ја намали чувствителноста на забите при и после третманот на избелување.

НЕМА СТРУКТУРНИ ИЛИ ФУНКЦИОНАЛНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ НА ЗАБИТЕ.

 

Избелените заби секогаш ќе бидат побели. Препорачано е кај пациенти кои во големи дози конзумираат кафе, чај, црвено вино и тутун, да прават “touch up” сеанси на интервали од 6 до 12 месеци.