ПРОБИОТИЦИ

ТОП 10 причини зошто

ПРОБИОТИЦИ

ТОП 10 причини зошто

ТОП 10 причини зошто земањето пробиотик секој ден е една од најдобрите работи што можеме да ja направиме за  целокупното здравје и благосостојба:

1. Го балансира микробиомот - микрофлората

Дали со современата исхрана полна со шеќери и адитиви или пак изложеноста на антибиотици преку лекови или храната, стилот на живот кој го живееме со сигурност може ја наруши чувствителната рамнотежа на цревна микрофлора. Стресот, токсините од околината па и лековите можат значително да влијаат на таа важна рамнотежа.

Редовното конзумирање пробиотици успешно го надополнува потребното количество здрави бактерии во гастроинтестиналниот тракт и помага во оддржувањето на општата состојба на организмот.

2. Промовира добро расположение

“Чувството во стомакот" не смееме да го занемаруваме. Всушност, нашата ментална и емоционална рамнотежа зависи токму од здравата средина во стомакот.

Корисните бактерии во дигестивниот систем го поддржуваат создавањето на стотици супстанци на нервниот систем (неуротрансмитери) кои го регулираат нашето расположение. Имено, речиси 95% од серотонинот - хормонот на среќата, кој го има во мозокот - е создаден токму во стомакот. Токму затоа внесот на пробиотици е една од најдобрите работи што можеме да ги направиме за да одржиме здрава емоционална функција.

3. Го подобрува имунитетот - помалку настинки

Верувале или не, најголемиот дел - приближно 80% - од имунолошкиот систем се наоѓа во стомакот (дигестивниот систем). Имено, многу од имунолошките клетки се населуваат токму во цревата, па така здравиот и избалансиран имунолшки одговор во голема мера зависи од стабилни количества корисни бактерии во рамки на цревната микрофлора.

Висококвалитетен пробиотик (по можност со повеќе видови бактерии) овозможува корисните бактерии да преовладаат за сметка на некорисните во цревната микрофлора, а со тоа и поддршка на здравјето во целина. 

4. Помага во апсорпцијата на хранливите состојки од храната

Без разлика колку здраво и квалитетно се храните, телото ништо од тоа нема да искористи се додека во цревната микрофлора не доминираат корисните бактерии. Имено, храната се разградува поради взаемното дејство на дигестивните ензими со корисните бактерии до ниво на хранливи материи (молекули) кои како такви навлегуваат во крвната циркулација и преку крвта пристигнуваат таму каде што се потребни. Неадекватната или неизбалансирана цревна микрофлора може да го наруши овој процес на апсорпција на хранливите материи па дури и да води кон малапсорпција (недоволна) апсорпција на важни и критични хранливи состојки како што се на пр. витамини и др.

Секојдневниот внес на пробиотик има голема улога и му помага на телото природно да ги искористи сите хранливи материи од храната и суплементите кои ги конзумираме. Така го добиваме максималниот ефект од нашите здрави навики, здравиот начин на исхрана и целиот труд кој го вложуваме да бидеме и останеме здрави.

5. Поддршка при слабеење

Според неодамнешните истражувања, здравата цревна микрофлора го подобрува метаболизмот и може да го поддржи здравото намалување на телесната тежина. Во една студија, жените кои земале пробиотици во период од шест месеци, ослабеа значително повеќе и успеале да ја задржат намалената тежина, за разлика од контролната група жени кои земале плацебо. (1)

Неурамнотежената цревна микрофлора, исто така, може да доведе до промени во расположението и хормоните кои создаваат тригер за потреба за јадење “comfort food”, a што пак води кон несакани вишок килограми.

6. Го освежува здивот

Можеби ќе се изненадите но устата е дом на огромно количество на бактерии. Истражувањата покажуваат дека одредени пробиотици, како што се Streptococcus salivarius K12, можат да помогнат во оралната микрофлора, помагајќи да се потисне развојот бактерии кои создаваат лош здив. (2)

За разлика од мастиките а џвакање кои само го маскираат лошиот здив моментално, пробиотиците можат да помогнат при таа повремена но сепак непријатна состоба преку поттикнување на долгорочна рамнотежа на оралните бактерии.

7. Го регулира воспалението

Поттикнувајќи балансирана вослпалителна реакција, ни прекумерна ни недоволна, пробиотиците можат да помогнат во одржувањето на здравјето на коските, зглобовите, кожата и други делови од телото.

Во една студија објавена во “Gut Microbes”, истражувани се нивоата на привремено воспаление пред и по земањето на Bifidobacterium пробиотици. До крајот на 8-неделното испитување, нивоата значително се намалени во пробиотската група испитаници, што покажува дека овие добри бактерии можат да помогнат да се задржи привременото воспаление на посакуваното ниво. (3)

8. Го намалува заморот

Сте се чувствувале некогаш уморни, иако доволно сте се одмарале? Докажано е дека урамнотежената цревна микрофлора може да има големо влијание врз енергијата која ја чувстуваме. Тоа е затоа што заморот (и резултирачката раздразливост) често се знаци на лоша дигестија (варење на храната), што може да се јави како резултат на нездрава цревна микрофлора.

Неодамнешните истражувања ја истакнуваат врската помеѓу пробиотиците и енергијата. Научниците на Националниот тајвански спортски универзитет открија врска помеѓу конзумирањето Lactobacillus plantarum и зголемена сила, мускулна тежина и издржливост, и намален замор. (4)

9. Го регулира шеќерот во крвта

Пробиотиците можат да помогнат во одржувањето на нормалното ниво на шеќер во крвта. Цревните бактерии комуницираат со нашите клетки и помагаат во пренесувањето на хемиските пораки низ телото. Таа комуникација му овозможува на телото да одржува здрава гликемија.

10. Го подобрува изгледот на кожата - сјајна кожа

Кожата е најголемот орган, го штити телото од безброј надворешни влијанија. Но, она што многу луѓе не знаат е дека нашата кожа е израз на внатрешното здравје.  Проблемите со кожата може да произлезат од дисбаланс во исхраната и хормоните, како и пореметувања на имунолошкиот систем, баш оние проблеми кои всушност започнуваат во цревата.

Овозможувајќи правилна апсорпција на хранливите состојки од храната и регулацијата на воспалителните реакции, пробиотиците можат многу да допринесат за изгледот на кожата.

 Литература:

1. Sanchez, M., Darimont, C., Drapeau, V., Emady-Azar, S., Lepage, M., Rezzonico, E., . . . Tremblay, A. (2013). Effect of Lactobacillus rhamnosus CGMCC1.3724 supplementation on weight loss and maintenance in obese men and women. British Journal of Nutrition, 111(08), 1507-1519.
2. Burton, J., Chilcott, C., Moore, C., Speiser, G., & Tagg, J. (2006). A preliminary study of the effect of probiotic Streptococcus salivarius K12 on oral malodour parameters. J Appl Microbiol Journal of Applied Microbiology, 100(4), 754-764.
3. Groeger, D., O’Mahony, L., Murphy, E. F., Bourke, J. F., Dinan, T. G., Kiely, B., . . . Quigley, E. M. (2013). Bifidobacterium infantis 35624 modulates host inflammatory processes beyond the gut. Gut Microbes, 4(4), 325-339.
4. Chen, Y., Wei, L., Chiu, Y., Hsu, Y., Tsai, T., Wang, M., & Huang, C. (2016). Lactobacillus plantarum TWK10 Supplementation Improves Exercise Performance and Increases Muscle Mass in Mice. Nutrients, 8(4), 205. doi:10.3390/nu8040205

 


© blog | kiwi.mk 2019

COVID-19 поради актуелната ситуација, можно е благо пролонгирање на процесирањето и/или испораката на нарачките. Работиме да ги исполниме во најкус можен рок и редовно известуваме