Здравствени придобивки од антиоксиданси

Антиоксидансите се супстанци, кои со неутрализирање на нестабилните молекули- слободни радикали, го штитат нашиот организам. Тие се развиваат кога атомите во телото добиваат или испуштаат наелектризирани честички, наречени електрони. 
Не сите слободни радикали се лоши по здравјето на човекот. Тие имаат важна улога во многу биолошки процеси, меќу кои и клеточната делба. Тие исто така ја овозможуваат меѓусебната комуникација на клетките и му помагаат на нашето тело да се брани од инфекции. 
Но, во случаи кога премногу слободни радикали се таложат во телото, тоа може да доведе до сериозно оштетување на клетките. Сево ова води кон состојби како рак, срцеви заболувања, покачен крвен притисок и дијабетес. 
Антиоксидантите се всушност едно големо семејство. Витаминот Ц е антиоксиданс, исто како и витамините Е и А. Ги има уште многу, секој со свои посебни придобивки. 
Здравствени придобивки од антиоксидансите
Со моќта што ја имаат да ги неутрализираат слободните радикали, антиоксидансите можат да ги намалат шансите за одредени болести. 
Еве неколку примери за тоа како антиоксидансите можат да помогнат:
Можат да помогнат во спречувањето на рак. Според некои истражувања антиоксидансите можат да ја намалат штетата предизвикана од слободните радикали, што може да доведе до рак. Но, потребни се уште испитувања за да се утврди дали антиоксидансите внесени преку исхраната можат да помогнат да се намали ризикот од карцином кај луѓето. 
Антиоксидансите можат да им помогнат на вашите очи. Макуларната дегенерација поврзана со возраста (сенилна макуларна дегенерација) е најчеста причина за трајно губење на видот кај возрасните над 60 години. Се случува кога макулата, важно ткиво во задниот дел на окото, почнува да се троши. Со текот на времето, ова може да доведе до губење на централното видно поле. 
Антиоксидансите може да помогнат да се намалат шансите за макуларна дегенерација кај возрасни за 25%. Но, доколку веќе ја имате оваа состојба, антиоксидансите би помогнале да се задржи видот подолго. 
Антиоксидантите- витамините Ц и Е, може да ја намалат можноста за катаракта. Катарактата е протеинско натрупување што ја замаглува леќата на предниот дел од окото и на крајот предизвикува нејасен, заматен вид. Антиоксидантите може да ја забават прогресијата на катарактата, дозволувајќи им на луќето да го одржат видот подолго. 
Антиоксидансите би можеле да се добри и за вашето срце. Различни се мислењата околу тоа дали антиоксидансите ги намалуваат шансите за срцеви заболувања. Од една страна, истражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто консумираат овошје и зеленчук, имаат помали шанси за срцеви заболувања и срцев удар. Некои истражувања им ја припишуваат оваа придобивка на антиоксидансите. 
Од друга страна пак, понатамошните истражувања на антиоксидантните суплименти не успеаја да ги докажат истите придобивки. Некои научници сметаат дека ова е поврзано со повисоката концентрација на антиоксиданси во суплиментите. 
Можеби тајната е во добивањето антиоксиданси преку исхраната, но за да се докаже дека ова има некаква поврзаност потребни се уште истражувања. 
Обрнете внимание на следново:
Иако антиоксидансите имаат многу здравствени бенефити, сепак има некои работи кои треба да ги имате на ум особено ако истите ги добивате преку суплименти. 
Ако земате антиоксидантни суплименти можно е тие да имаат спротивен ефект на лековите кои ги земате за некоја друга здравствена состојба. 
Ако сте пушач и земате големи дози на бета- каротен, шансите за рак на белите дробови се зголемуваат. Доколку земате многу витамин Е, постои поголема опасност од рак на простата и мозочен удар. 
Консултирајте се со вашиот лекар во врска со лековите и суплиментите кои ги земате. Тој ќе се осигура дека она што го земате е безбедно за вас. 
Каде да најдете антиоксиданти
Различни типови храна содржат различни антиоксидантни витамини  и минерали. 
Портокаловата храна содржи изобилство на бета- каротин.
-Морков
-Сладок компир
-Тиква
-Кајсии
Високо ниво на бета-каротин содржат и зелените лиснати зеленчуци, како: кељ, спанаќ, блитва. Ваквиот зеленчук содржи и високо ниво на антиоксиданс лутеин. 
Овошјата и зеленчуците со црвена и розова или црвено- портокалова внатрешност, како лубеницата, папајата, розовиот грејпфрут и доматите, содржат ликопен. Приближно 85% од ликопенот во повеќето диети доаѓа од домати и храна добиена од домати. 
Витамонот А доаѓа во три различни форми, а најпознат е ретинолот (витамин А1). Голема концентрација на витамин А има во следниве продукти: 
-Морков
-сладок компир
-Жолчка од јајце
-Црн дроб
-Млеко
Витаминот Ц во големи количини го има во некои овошја и зеленчуци, но исто така и во:
-живина
-Говедско месо
-Риба
-Некои житарки
Бадемите содржат високо концентрација на витамин Е. Истиот го има и во брокула, манго и разни масла, вклучително пченкарно, соино и сончогледово масло. 
Продуктите од растително потекло се побогати со антиоксиданти отколку месото. Бобинките (капини, диви јагоди, брусница) и производите од бобинки се рангираат некаде на врвот на антиоксидантната скала. Високо на скалата се наоѓаат и некои билки и зачини, како и какаото и оревите. 
 
American Optometric Association, “Antioxidants & Age-Related Eye Disease.”Diseases: “Antioxidants and Cardiovascular Risk Factors.”The International Journal of Biochemistry & Cell Biology: “Free radicals and antioxidants in normal physiological functions and human disease.”National Cancer Institute: “Antioxidants and Cancer Prevention.”Nutrition: “Antioxidants in cardiovascular disease: randomized trials.”Nutrition Journal: “The total antioxidant content of more than 3100 foods, beverages, spices, herbs and supplements used worldwide.”Preventive Nutrition and Food Science: “Effects of different cooking methods on the antioxidant properties of red pepper (Capsicum annum L.).”U.S. Department of Health and Human Services, Federal Occupational Health: “Antioxidants and Cancer Prevention.”Family Doctor: "Antioxidants: What You Need to Know."National Center for Complementary and Integrative Health: "Antioxidants: In Depth."
Последна медицинска ревизија - 15.11.2020